Секоја сезона носи нови трендови во светот на модата и светот на убавината, а летото е специфично, бидејќи носи големи промени во козметичкиот несесер. Бидејќи температурите се високи и козметичките производи треба да се прилагодат, затоа секогаш треба да избирате производи со полесни формули кои нема да се топат на кожата и создаваат чувство на маска. Тоа особено важи за навлажнувачките креми и пудри, но такво правило дефинитивно треба да се примени дури и кога се работи за избор на парфем.
Одберете парфем за летно освежување!
Тешките парфеми со опојни мириси се специфични за зимските денови, затоа на лето треба да ги оставите на страна. Наместо тоа, добра идеја е избор на парфеми кои имаат лесни и воздушести мириси, а на кожата траат по цел ден. Цитрусните и цветните мириси најдобро го опишуваат летниот избор на парфем, но иако мирисите за летните денови секогаш се поврзани со цветни ноти, тие не треба да бидат нужен избор за врелата сезона. Наместо нив, може да ги вклучите и некласичните, едноставни мириси кои ќе бидат одлично освежување во летната рутина.
Класичните парфеми кои не подлежат на трендови и мирисаат подеднакво добро во различни сезони!
Ако не сте љубителка на експериментирање, секогаш може да се свртите кон класичните парфеми кои не подлежат на било какви трендови и мирисаат подеднакво добро во различни сезони. Ако сеуште не сте го нашле идеалниот парфем кој ќе биде вистински сојузник, тогаш добра е идејата да го погледнете мојот избор на парфеми во кој можете да најдете за секого по нешто. Избрав прекрасни мириси со кои нема да направите погрешен избор – нема да бидат премногу тешки кога живата на термометарот покажува високи температури и ќе бидат најубава замена за потешките парфеми на кои сме лојални остатокот од годината.
Во вашата најблиска парфимерија пробајте ги овие мириси за кои вашите пријатели ќе ве прашуваат за кој парфем се работи!