Промоција на парфемот Vanilla Vibes од брендот Juliette Has a Gun се одржа во парфимеријата Anabella во хотел Мериот. Дел од македонските блогери, ТВ лица и медиуми имаа можност да бидат меѓу првите кои ги почувствуваа топлите ноти на Vanilla Vibes и да се запознаат со новата приказна.
Брендот Juliette Has a Gun симболизира слобода!
Брендот Juliette has a Gun е дело на Romano Ricci, внук на познатата Ninа Ricci чии парфеми го освоија светот.
Мириси инспирирани од делата на Вилијам Шекспир, типична ренесансна романтика испреплетена со модерното време, Juliette Has a Gun симболизира слобода, а на жените им дава во рака оружје за да можат да се соочат со мажите во вечната борба на пол, страст и љубов.
Новиот Vanilla Vibes! Пламен под мразот!
Новиот мирис Vanilla Vibes претставува фузија на две спротивности: топла природна ванила и свежа морска сол која на слатката ванила и дава поинаква димензија. Парфем кој ве води на сензуално и електрично патување, со постојан ритам на миризлив танц, Vanilla Vibes е пламен под мразот, алхемија на спротивностите и покана да бидете свои и уникатни.
Главната нота на парфемот е морската сол, додека во срцевината на овој привлечен мирис е природната ванила и орхидеја. Во базните ноти се наоѓа комбинација на сандалово дрво, тонка грав, кафеав мошус и бензоин кои заедно создаваат уникатно доживување.
Сега можете и вие да го додадете новиот Vanilla Vibes во вашата колекција на омилени мириси.
View this post on Instagram