- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Еден од најзначајните новитети во есенската сезона кој со нетрпение го очекуваме е мејкап колекцијата дизајнирана од Zoe Kravitz за YSL. Соработката помеѓу убавата актерка и ѕвездата од серијата Big Little Lies и луксузниот бренд за мода и убавина резултираше со колекција на кармини во палета од шест нијанси. Се работи за нијанси што се потребни во секој козметички несесер, бидејќи се работи за класици кои никогаш не излегуваат од мода. Станува збор за неколку црвени и нуд нијанси кои доаѓаат со мат, сјаен и сатенски финиш, а секој кармин е високо пигментиран и по нанесувањето усните остануваат хидрирани и меки.

- Реклама -

Zoe Kravitz – нуд и црвениот кармин се темел на секој козметички несесер!

Zoe Kravitz изјави дека колекцијата сака да ја започне со основни нијанси, бидејќи нуд и црвените тонови се темел на секој козметички несесер, односно основа за градење на секој мејкап изглед. Овие две нијанси се нејзин избор за секој ден и таа сакаше да пронајде нијанси што ќе одговараат на различни тонови на кожата, како и на различни возрасни групи.

YSL X Zoe Kravitz колекцијата е посветена на влијателните жени!

И покрај тоа што боите се многу едноставни, самите кармини се посебни и специфични. Покрај тоа што доаѓаат во прекрасна амбалажа прославена од култниот YSL Black Opium парфем, Zoe секој кармин го именуваше по саканата личност од нејзиниот живот, така што целата колекција за неа е многу лична и интимна. Првиот лансиран кармин од колекцијата беше Arlene’s Nude, именуван по бабата на Zoe и се чини дека тоа е омилената нијанса на актерката. Всушност двете баби и мајката Lisa Bonet, се голема бјути инспирација на Zoe, а самиот факт што таа пораснала во нивно опкружување, ја оформило во она што е денес. Колекцијата YSL X Zoe Kravitz е еден вид на посвета на влијателните жени кои ја поттикнаа самодоверба на Zoe и го изградија ликот што го има денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty) on