Поминаа 7 години од кога славниот француски бренд Lancôme го лансираше својот последен голем мирис за жени – легендарниот La Vie Est Belle и конечно во Скопје го дочекавме лансирањето на новиот женски мирис Idôle, мирис кој целосно е посветен на сите смели, храбри и автентични жени на денешницата!
Вила Веранда во заштитните знаци на Lancôme!
Во прекрасната атмосфера во Вила Веранда, која за оваа прилика беше целосно брендирана во боите и заштитните знаци на Lancôme, новиот мирис Idôle беше претставен на македонската публика во присуство на гости од светот на медиумите, модата, инфлуенсери и деловни партнери кои во пријатна и позитивна атмосфера уживаа да го испробаат новиот парфем кој ги помести сите граници и апсолутно ги воодушеви присутните. Idôle фасцинира со својата приказна и сите беа уверени дека од Lancôme создадоа уникатен парфем што сигурно ќе ја одбележи оваа сезона.
Како да се зајакне жената?
Lancôme при креирањето на Idôle си постави едно комплицирано прашање – како да се зајакне жената? Одговорот стигна спакуван во едноставно, но уникатно, привлечно и практично шише што совршено го доловува модерното време во кое живееме.
Најтенко парфемско шишенце кое неодоливо потсеќа на мобилен телефон!
Повеќето присутни се сложија дека се работи за рафиниран – но сепак модерен парфем кој со себе ги носи свежите ноти на роза, бергамот, круша и јасмин. Иновативен – кога станува збор за пакувањето, Idôle апсолутно е парфем за иднината со шишенце кое неодоливо потсеќа на мобилен телефон, а воедно е најтенкото парфемско шишенце со само 15 милиметри дебелина, но и елегантен – во прекрасното дизајнирано шишенце, Idôle е олицетворение на женската одлучност.
Zendaya ја предводи новата моќна глобална кампања!
На официјалниот настан беше откриена новата и моќна глобална кампања предводена од младата холивудска ѕвезда Zendaya. Иако има само 23 години, Zendaya скоро една деценија е предводник на младата генерација на холивудски актерки. Покрај тоа, таа се смета за модна икона, а младите жени ширум светот се восхитуваат на нејзиниот професионален успех, како и на нејзиното чувство за мода и убавина. Zendaya е природна, но во исто време зрачи со посебност, моќ и шарм и како таква е идеално заштитно лице за брендот како што е Lancôme.
Idôle мириса апсолутно неодоливо и затоа го обожавам!
Претставникот на брендот Lancôme, госпоѓицата Амра Туфо – регионален едукатор за L’Oréal Luxe брендовите, промовираќи го новиот парфем пред присутните истакна – „Успеавме да создадеме мирис за новата генерација на жени! Јас со вас го делам задоволството што имам можност да ви го преставам новиот парфем на Lancôme. Idôle е мирис со значење и мириса апсолутно неодоливо и затоа го обожавам“.
Мирис со Х-фактор!
Idôle е мирис што ќе го обожаваат помладите и повозрасните генерации, заради уникатниот мирис, совршеното пакување, но и Х-факторот кон кој се стреми секоја жена.