Ако утрото би можело да се опише со само еден збор, верувам дека многумина би го опишале само со зборот – „бурно“. Поради оваа причина, совет за тоа како да го направите вашето утро колку што е можно безболно секогаш е добредојден, а во продолжение ви носам неколку трикови за убавина со кои може да си помогнете секое утро да постигнете беспрекорен изглед и покрај недоволниот сон и темните кругови под очите!
#1 Кремот за околу очи е MUST HAVE производ!
По будењето, повеќето од нас имаат ист проблем – пределот околу очите изгледа екстремно отечен и честопати треба многу време да помине тој оток. Како и да е, со оглед на тоа што многумина се кратки со време наутро, секоја минута е важна, затоа побарајте производи што ќе имаат позитивен ефект врз чувствителното подрачје околу очите. Овде во центарот на вниманието доаѓаат кремите за очи, што треба да бидат составен дел од секојдневната рутина за убавина, а со редовна употреба ќе ги намалите темните кругови и отоците околу очите.
#2 Коректорот е мал волшебник од козметичкиот несесер!
Ако треба да се одбере само еден производ од козметичкиот несесер без кој тешко е да ја замислиме секојдневната мејкап рутина, тоа веројатно би бил коректорот. Ги прекрива малите неправилности на лицето, како и трагите од недоволниот сон, а во секое време од денот можеме да посегнеме по него и да го нанесеме на лицето. Затоа, не треба да го прескокнувате дури и наутро кога само со неколку потези можете да ги покриете малите мозолчиња или темните кругови под очите.
#3 Балсам за усни во боја ќе ви даде живост на лицето!
Ништо не му дава на лицето впечаток на свежина како допир на боја на усните. Наместо класичен кармин, во бјути рутината ставете балсам за усни кој ќе ги навлажни и заштити вашите усни, истовремено давајќи им боја што гарантира wow ефект.
#4 ББ кремот е најдобриот сојузник за секојдневни пригоди!
Ако не сте обожавателка на пудра за секојдневна употреба, тогаш ББ кремот е оној мејкап производ за кој верувам дека многу често ја спасува ситуацијата бидејќи истовремено ја навлажнува кожата, ги прикрива неправилностите на лицето, без да создавате впечаток на маска на лицето, што честопати е случај со пудрите. ББ кремот е добар избор за различни типови на кожа – едноставно се нанесува и кожата може да дише, така што е совршен избор за вашата утринска рутина за убавина.
#5 Сувиот шампон е совршен начин за брзо освежување на косата!
Секој може да има лош ден за косата, но од кога сувите шампони за коса станаа популарни, таков ден многу е полесно да се поднеси! Мал, но моќен сојузник кој ја спасува косата и фризурата во ситуации кога немате време или снага да ја измиете косата, а бурното утро секако е една таква ситуација.