Брендот Armani ја збогатува мирисната колекција Emporio Armani со два сосема нови мириси, поврзани со изданието од 2017 година – Stronger With You for Him и изданието In Love With You for Her претставено во 2019 година. Новите изданија зрачат со нови мирисни композиции со епитетот Freeze и се опишани како свежи, модерни, но елегантни.
Како што наведуваат од брендот, актерите Alice Pagani и Nicholas Hoult го отелотворуваат со љубовна наелектризираност новото поглавје на Emporio Armani љубовната приказна.
Stronger With You Freeze
Машкото издание Stronger With You Freeze е најавено како дрвенесто цитрусно fougère издание и ја задржува динамичната енергија на мажот кој живее во сегашноста, а се карактеризира со ноти на свежина и елеганција.
Мирисната композиција се отвара со свежина на лимета, ѓумбир и есенција од мандарина, заведувајќи со сочните ароми и сјајно парче на јаболко. Во срцето, ароматичните цветови на лаванда, жалфија и здравец се комбинираат со кардамон и даваат елегантна и природна свежина. Нотите од кандиран костен, килибарно дрво, екстракт од дрвото гуајак и ванила од Мадагаскар ја формираат основата на формулата.
In Love With You Freeze
Женскиот мирис In Love With You Freeze е најавен како овошно, цветно и ориентално издание, како одраз на искра на љубовта, силна исто како и првиот ден.
Полетен мирис кој се отвора со бергамот, свежа и предизвикувачка цреша, круша, мандарина, композиција која експлодира во нова зачинетост. Срцето нуди допир на кремаст јасмин со цветен акорд на божур и нежен крин од долината. За да ја задржи цветната свежина во базата користени се ноти од пачули од Гватемала, есенција на ветивер и сензуален акорд на бел мошус кои создава мазен, сензуален и дрвенест допир.
Шишенца обработени со сатенска глазура!
Двата мириси имаат форма на шишињата од претходните изданија, а стаклото е обработено со сатенска глазура што ја евоцира свежината на двете изданија.
Stronger With You Freeze е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette, додека In Love With You Freeze доаѓа во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.