- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Размачкан кармин, размачкана пудра на лицето, грутки на трепките – сите ги имаме доживеано овие мејкап катастрофи! Затоа, ви откривам трикови, тајни и превентивни решенија за тоа како брзински да ги поправите овие мејкап ситуации!

Најчести мејкап катастрофи и брзи решенија!

#1 Кармин кој се размачкува или разлева!

Ако сте склони кон размачкување на карминот или имате линии на усните каде бојата лесно се разлева – префрлете се од класичниот кремаст кармин на оној со мат текстура и мат молив за усни. Ова е одличен начин да ја продолжите издржливоста на карминот и да го минимизирате вовлекувањето на кармин во линиите околу усните. Запомнете, колку што е повеќе кремаст карминот, толку е поголема шансата да се размачка или разлее!

#2 Лошо изблендирана или „cakey“ течна пудра!

Сите го имаме искусено овој проблем: сте нанеле пудра под светлината од бањата, така што на дневна светлина сфаќате дека не е добро изблендирана пудрата. Земете малку навлажнет сунѓер за блендирање и тапкајте го по целото лице за ја омекне и изблендира течната пудра. Исто така, изблендирајте ја линијата околу косата и брадата! За да го измазнете лицето, матирајте го тенот со пудра во прав.

Ако вашата техника за нанесување на пудра е беспрекорна и сè уште го имате овој проблем, решението е во промена на пудрата или светлината под која се шминкате.

- Реклама -

#3 Грутки од маскара на трепките!

„Поправете“ ја маскара што прави грутки на трепките со навлажнување на четката од маскарата. Ако користите водоотпорна маскара, навлажнете ја со отстранувач на шминка. Натопете ја четката во коренот на трепките и со цик-цак движења омекнете ја исушената маскара, а потоа ротирајте ја четката до врвовите на трепките. Ако вашата маскара сè уште прави грутки, тогаш време е да купите нова!

#4 Коректор кој се вовлекува во брчките околу очите!

Прво, подгответе го подрачјето околу очите со помош на добар антирид, кој не е премногу мрсен. Нанесете го во тенок слој, затоа што премногу крем антирид предизвикува поголемо вовлекување на коректорот во брчките. Изберете коректор што е со мазна и кремаста текстура, лесно се блендира и доволно е лесен да не се вовлекува во линиите.

Ако забележите дека коректорот се вовлекол во линиите, измазнете го коректро околу очите со малиот прст и фиксирајте го со пудра во прав.

#5 Премногу интензивно нанесено руменило!

Дури и на најдобрите им се случува да претераат со руменилото. Смирете го интензитетот на бојата со нанесување и блендирање на слој од пудра во прав со чиста четка. Друго решение е да го покриете вишокот на боја со сунѓер на кој има малку течна пудра.

#6 Премногу драматични веѓи!

Во целост ги поддржувам драматичните веѓи, но без претерување! Секогаш изберете молив или сенка што е со иста нијанса како веѓите, или малку посветла. Ова ќе ви даде полн и природен изглед на дефинирани веѓи, без груб изглед. Ова правило не се однесува на русокосите – може да изберете нијанса или две потемни од вашите природни веѓи за да ја избегнете појава на „измиени“ веѓи.

Ако веќе сте нацртале премногу изразени веѓи, „омекнете ги“ со четка со која ќе ги расчешлате веѓите и ќе го разбиете темниот блок на веѓите.

#7 Туш на насолзени очи!

Ако вашиот туш за очи или молив за очи секогаш се разлева на насолзени очи, обидете се со водоотпорна формула! Имајте на ум дека малку потешко се отстранува за разлика од класичните тушеви за очи, но оваа издржливост многу вреди!