Не можам да го сокријам воодушевувањето од информацијата што пристигна од глобално популарниот бренд за шминка MAC Cosmetics, кој за своите купувачи овозможи достава на производите од својот асортиман на вашата адреса.
Нашминкај се – па макар само за себе!
Денес живееме во комплетно нова реалност, но и во овие моменти MAC Cosmetics сака да биде со вас и со своите генијални производи за шминка ве поканува на креативност. Знаеме дека овие денови не излегуваме од дома, но зошто да не поиграме со својот мејкап изглед и да пробаме нешто ново, да излеземе од својата зона за удобност, па макар само за себе?
MAC производи достапни полесно од кога и да било!
MAC Cosmetics сега таа мисија ја олеснува и многумина од вас ќе бидат среќни што ја споделувам оваа новост со вас, а тоа е дека MAC производите сега може да ви бидат достапни по пат на достава до вашиот дом, полесно од кога и да било!
Како да направите нарачка на MAC производи!
Одберете го вашиот омилен MAC производ и пишете во DM на Инстаграм профилот mac.skopje или јавете се на телефон 078/328 251.
Напишете го називот на производот, нијансата, количината, како и ваш контакт телефон и адреса за достава.
Во рок од 3 до 5 работни дена вашите омилени MAC производи ќе ви бидат доставени на вашата адреса, а нарачката ќе ја платите при преземање.
Сите нарачки може да ги испраќате од понеделник до сабота во периодот од 09:00 до 18:00 часот.
MAC изненадување!
Вашиот MAC тим ве информира дека за нарачки над 1500 денари доставата е бесплатна, а за нарачки над 4000 денари, следува MAC изненадување!