Најпродаваниот мирис на Carolina Herrera од колекцијата Good Girl беше претставен во 2016 година и до денес повеќе пати се славеше со колекционерски изданија што оваа модна куќа ги лансира секоја година. Досега имавме шанса да избереме различни „штикли“ со исти миризливи ноти како оригиналното издание, а за заштитно лице на мирисот беше избрана Karlie Kloss.
Karlie Kloss во нова вселенска мисија!
Good Girl Fantastic Pink е колекционерско издание кое Carolina Herrera го лансира оваа година и доаѓа во иста форма на шише покриено со розови светки. Сега, мирисот е поддржан и со нова кампања во која „Karlie Kloss ја освојува вселенска мисија од Њујорк до Месечина, со Good Girl Fantastic Pink мирисната авантура во новиот филм на Quentin Jones“.
Розово издание со оригиналната формула од парфимерката Louise Turner!
Мирисната композиција на розовото издание ја повторува оригиналната формула потпишана од парфимерката Louise Turner. Во отворањето на мирисот доминираат бадемот, кафето, бергамот и лимонот. Во срцето царува бленд од јасмин самбак, бугарска роза, тубероза, корен од ирис и цвет од портокал, додека основата е топла и гурманска со тонки зрно, какао, пралин, цимет, кедар, кашмир, пачули, килибар и мошус.
Good Girl Fantastic Pink колекционерско издание!
Мирисот Good Girl Fantastic Pink е достапен како колекционерско, ограничено издание во големина од 80 мл, како Eau de Parfum Spray.