- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Зафатени сте и тешко ви е да најдете време за себе помеѓу работните денови. Но, кога сте дома одвојте малку време за да се фокусирате на она што е најважно. Посветете малку време на себе и грижата за вашата кожа и подгответе спа третман на вашето лице – дома! Вашиот ум и лице ќе ви бидат благодарни!

#1 Започнете со темелен пилинг на лицето за да ги отстраните мртвите клетки од кожата!

Првиот чекор за нега на лицето, што претходи на остатокот од рутината е да се отстранат нечистотиите од кожата на лицето. Lancôme Rose Sugar Scrub (пилинг) е збогатен со зрна шеќер, ружина вода и мед. Нежно ги отстранува нечистотиите што се наоѓаат на лицето, со што кожата добива младешки сјај.

Како се користи?

Нанесете мала количина на чиста, влажна кожа. Масирајте нежно со кружни движења 1 минута и темелно исплакнете со млака вода.

- Реклама -

#2 Маска за лице за видливо намалување на порите и измазнување на кожата!

Rose Sorbet Cryo-Mask од Lancôme е единствена маска со ефект на ладење, чија формула содржи салицилна киселина и ружина вода, која видливо помага во намалување на порите. Неодоливата розова-сорбет текстура на маската ја освежува кожата за да ги избрише трагите на замор и едноличен тон на кожата.

Како се користи?

Нанесете ја маската на лицето со нежно тапкање. Не тријте ја маската и не масирајте го лицето! Исплакнете ја со млака вода после 5 минути. Користете ја маската за лице 2 пати неделно.

#3 Тоник за хидратација и смирување на кожата на лицето!

Тоникот е чекор во чистењето на кожата што многумина имаат навика да го прескокнат, но тоникот е многу важен со цел pH вредноста на кожата да се врати во баланс и кожата да добие доза на хидратација. Обидете се со Lancôme Tonique Confort кој е идеален за сува кожа.

Како се користи?

Користете Tonique Confort наутро и/или навечер како дел од вашиот дневен ритуал за нега на кожата. Нанесете го со памучен туфер откако ќе ја исчистите кожата.

#4 Серум што го забрзува процесот на обновување на кожата на лицето!

Малото црно шише е збогатено со нов комплекс од 7 пребиотични и пробиотични фракции избрани за да и дадат на кожата основни хранливи материи. Lancôme Advanced Génifique серумот помага да се зајакнат клучните младешки функции на кожата: заштита и закрепнување. За само 7 дена, кожата е подмладена, сјајна и добива прекрасна измазнета текстура. По само едно шише, кожата забрзано се обновува.

Како се користи?

Нанесете 1 до 2 капки на раката, а потоа на лицето и вратот.

#5 Серум за околу очите!

Серумот за подрачјето околу очите Advanced Génifique Light-Pearl™ од Lancôme е мојот избор – делува за видливо намалување на темните кругови, отеченост и зацврстување на трепките. Очите се вашата моќ, а областа околу очите е најчувствителна, кожата е најтенка и бара посебна грижа!

Како се користи?

Серумот се нанесува секое утро или вечер на исчистената кожа со помош на 360ᵒ апликаторот. Масирајте го Light Pearl серумот околу контурите на очите.