Познатата пејачка Елена Ристеска неодамна откри зошто паузираше на музички план. По теркот на светските ѕвезди и Елена лансираше парфем со свој потпис.
Елена на радост на нејзините обожаватели го објави лансирањето на два парфеми!
Таа преку нејзиниот Инстаграм профил ја најавуваше својата козметичка линија „Era Cosmetics“ и конечно на радост на нејзините обожаватели ексклузивно го објави лансирањето на два парфеми. Елена на јавноста ги претстави женскиот и машкиот парфем од својата козметичка линија „Era“.
Елена ја започна кампањата за двата парфеми, за кои откри дека работела во Мајами.
Сите се во потрага по вистинска љубов и по вистински парфем!
Мојата „Era“ симфонија започнува од овој момент… „Ова е зора на нова ера… на една долготрајна приказна… Приказната за вистинската љубов… со активирање на вашите сетила и вашата интуиција ќе го пронајдете вистинскиот… Вистинскиот парфем… „Era“ парфем.
Сите се во потрага по вистинска љубов и по вистински парфем – парфем „Era“, вака Елена ја престави својата нова мирисна приказна, која сите со нетрпение очекуваме да ја пробаме!
Честитки и поддршка за новата козметичка линија!
Сега откако ги објави официјалните фотографии на впечатливите шишенца на парфемите, за неа и за него, Елена Ристеска не престанува да добива честитки и поддршка за новата козметичка линија.