Нова и многу шармантна Donna пристигна во парфимериите! Trussardi Donna Pink Marina е романтичен, заслепувачки и соленкаст мирис со цветови, додаден во мирисната колекција на брендот Trussardi. Најновoто издание ја содржи летната аура на Trussardi Donna.
Како совршен ден поминат на плажа!
Совршен момент од денот поминат на плажа, кога песокот е топол и не е премногу жешко. Сонцето заоѓа и полека тоне во морската шир. Различни ароми на овошје, цветови и миризлива шума носи морското ветре кое доаѓа од копното. На оваа пријатна атмосфера одеднаш се додава ветрето што дува од морето, кое се издигнува со својот карактеристичен мирис. Сè се претвора во розово и пригушено, додека брановите се тркалаат нежно по брегот. Се чини како волшебното место на плажата Budelli на архипелагот La Maddalena – светски позната по својот розов песок или плажата Frati на островот Elba составена од мали бели камења кои ја менуваат бојата на сонцето.
Pink Marina е посветен на овој момент!
Pink Marina новиот женски мирис на Trussardi е посветен на овој посебен момент. Парфимерката Nathalie Lorson создаде мирисна меморија во која се мешаат горчливата арома на розов бибер со свежите зависни ароми на диња и заслепувачка енергија на сок од лимон. Оваа свежина ги превзема акордите во срцето на мирисот – многу добро балансирана мешавина од нероли, крин и морска сол. Кругот се затвора со сензуална и кремаста алијанса на сандалово дрво, кедар и пачули.
Шише со розово-бели ленти како изгледот на песокот формиран од ветар!
Шишето на мирисот Pink Marina е направено од бело стакло со розови ленти, алудирајќи на изгледот на песок формиран од ветар. Капачето е со розова боја и го содржи логото на брендот, а посебна убавина му дава розовата машна околу вратот на шишето. Надворешната амбалажа е сјајна, украсена со сребрени букви и го содржи истиот мотив на розово-бели ленти како на шишето од парфемот.
Кампања која означува деликатна женственост!
Визуелната кампања на парфемот претставува шише на плажа, на бел песок со розови нијанси, додека во позадина розова спирална инсталација означува деликатна женственост.
Trussardi Donna Pink Marina е достапна во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.