Уникатните унисекс мириси Attraction One на брендот Avon со својот црно-бел контраст се надополнуваат еден со друг! Avon Attraction One мирисите носат нов унисекс начин за поврзување преку парфемите. За прв пат имаме мириси кои ја поттикнуваат хемијата помеѓу две лица и го продолжуваат чувството на заедништво дури и кога тие не се заедно. Attraction One мирисната линија се состои од два парфеми – Fresh и Intense, но со една заедничка тајна – The One силниот мирислив акорд кој лежи во срцето на двете мирисни формули.
Тајната на The One мирисливиот акорд!
Ексклузивниот мирисен The One акорд е создаден од водечките светски парфимери за да го продолжат чувството на страст и возбуда што го имаат две лица кога се заедно. The One акордот во себе комбинира кремаста тонка и сочна лимета создавајќи волшебна аура во блескавиот дух на двата парфеми. Можат да ги користат и жените и мажите, истакнувајќи ја својата личност балансирајќи помеѓу свежина и сензуалност.
Со лансирањето на унисекс парфемите, Avon ги поканува корисниците да го преиспитаат својот став за мирисите кога станува збор за пол и сензуалност. Двата парфеми се универзални и го потенцираат она што партнерите најмногу го ценат – чувството на блискост дури и кога тие физички се раздвоени.
Благодарение на унисекс парфемите Attraction One, Avon ја менува перцепцијата за традиционалниот начин на заведување со создавање лична врска помеѓу носителите на двата парфеми, но истовремено задржувајќи ја неговата автентичност и самосвест.
Avon Attraction One Fresh – освежувачки мирисен траг!
Avon Attraction One Fresh е цитрусен мирис, ароматичен и дрвенест што се отвора со бразилски портокал, со цветни ноти на љубичица и сочни смокви за прв впечаток. Златната прозрачност се крие во срцето со сицилијански цвет од лимон во комбинација со богатите ноти на зачинот шафран, а се затвораат со блескавиот The One акорд. Во основата на мирисот лежи смирувачка комбинација на кедар и нежен мошус. Заедно, овие ноти живеат во совршена хармонија и создаваат посебен освежувачки мирисен траг.
Avon Attraction One Intense – мирисен траг за слоевито ослободување!
Avon Attraction One Intense е ориентална, дрвенеста и килибарна комбинација која носи нов поглед на сензуалноста благодарение на чистата и зачинетата комбинација на кардамон, розов бибер и посебните ноти на Bergamot NaturePrint на врвот од мирисот. Нотите во срцето носат чувство на модерност и движење со свежината на цветот од портокал и посебната сензуалност на The One акордот. Слатката ванила во комбинација со неодоливото сандалово дрво и богатиот екстракт од Santos SFE кафе го создава основниот мирисен траг за слоевито ослободување, како совршена надополна на горните зачински слоеви.
Како што црната не може без белата – парфеми создадени еден за друг!
Унисекс парфемите Attraction One Fresh и Attraction One Intense може да ги пронајдете во каталогот на Avon по акциска цена од 1099 денари.