Issey Miyake го претстави Nectar d’Issey Première Fleur, овошен мирис со свежи цветни ноти, како наследник на претходните изданија: L’Eau d’Issey Pure од 2016 година, L’Eau d’Issey Pure Nectar de Parfum од 2018 година и L’Eau d’Issey Pure Petale de Nectar од 2019 година.
Прекрасните цветови ја откриваат својата убавина!
Ладниот утрински воздух ги опкружува нежните цветови на чии ливчиња паѓа свежа утринска роса. Природата се буди. Прекрасните цветови нежно ги отвораат своите латици, дарежливо и многу нежно откривајќи ја својата убавина.
Мирис на сочна круша и цветни ароми на божур и јасмин!
На отворањето на мирисот доминира свежо овошје заедно со сочната азиска Nashi круша, проследено со цветни ароми на божур и јасмин. Основата а мирисот нуди посебна нежност, комбинирајќи сладок бел мошус и сандалово дрво. Мирисната креација ја создадоа парфимерите Dominique Ropion и Fanny Bal.
Новиот мирис Nectar d’Issey Première Fleur е претставен во шише во форма на капка, дизајнирано од Todd Bracher. Шишето со беж боја содржи отпечаток од цвет во бакарна боја.
Nectar d’Issey Première Fleur е достапен во шишиња од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.