- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мошус во парфем… тоа може да биде голем парфемски успех, но и разочарување, ретко нешто помеѓу. Тешко е да се компонира мирис со мошус без тоа да предизвика многу бранување и без да донесе нешто ново во светот на парфемите.

Мошусен предизвик за Romano Ricci!

Парфимерот и основач на брендот Juliette Has a Gun, Romano Ricci за новиот, неодолив мирис Musc Invisible изјави:

„После Juliette Has a Gun Vanilla Vibes се пронајдов себеси соочувајќи се со уште еден гигант во состојките на парфемите: Мошусот! Првенствено се користи како основна нота во палетата на парфимерот, но мојот предизвик беше да ги зачувам и да ги одржам живи зависните и свиленкасти својства при отворање на парфемот. Резултатот е нежна, топла и пријатна композиција, со допир на цвет од памук и јасмин. Иако оваа комбинација делува дека треба да биде замаглена и во позадина, токму овде лежи трикот. Не е особено софистициран или инвентивен, но мириса толку генерично, што сметам дека не може некој да не го сака. Совршен антидот на богати и екстравагантни мириси? Можеби… зошто да не… вие кажете ми! На крајот, јас би го опишал Juliette Has a Gun Musc Invisible како симпатична, сензуална креација, која потсетува на мирисот на чиста кожа“.

- Реклама -

Наменет да се носи за себе и оние кои сакате да се потпрат до вас!

Ќе се согласете со мене дека Juliette Has a Gun Musc Invisible на кожата шепоти со едноставност што претставува апсолутен знак на елеганција! Ме потсетува на мојата омилена бела памучна маица, носена ден-два без перење, соодветна за на работа или за кежуал состанок. Musc Invisible е носталгичен коктел од пријатни ноти, лесен и оптимистичен. Постои пудрест и цветен квалитет кој се чувствува прилично удобно и навестува нешто добро.

Понекогаш вашиот парфем не треба да „пука“ за да привлече внимание, затоа Juliette Has a Gun Musc Invisible е наменет да се носи за себе и за оние кои сакате да се потпрат малку поблиску до вас…

Фото: Боби Ќосе, Шминка: MakeUp by Meri, Модел: Ена Тилевска