Брендот Lanvin ја проширува својата позната парфемска линија Arpege со ново издание сместено во бисерно розово шишенце, украсено со легендарниот симбол на мајка и ќерка што се држат за раце. Бојата на шишето навистина е прекрасна и ја рефлектира нежната тема и композиција со бисерен сјај и рефлексии.
Новиот Lanvin ги следи претходните изданија!
Lanvin Éclat d’Arpège Sheer ги следи претходните изданија, меѓу кои и првата мирисна креација Éclat d’Arpège лансирана во 2002 година.
Нежна мирисна композиција!
Отворањето носи блескави и деликатни водени акорди на лист од лотос, змејско овошје (pithaya) и сончеви мандарини, создавајќи софистицирана хармонија со светли цветни ноти во срцето. Воден јасмин и божур создаваат букет поставен на кремаста и пријатна мешавина од бел мошус, кедар и килибар во основата на парфемот. Овој мирис е направен како ода на нежноста.
Lanvin Éclat d’Arpège Sheer достапен е во шишиња од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.