Urban Decay е бренд познат по своите сенки за очи кои се полни со пигменти, феноменалниот долготраен туш за очи и фиксатори за шминка кои се на многу повисоко ниво од повеќето други слични производи. Да не заборавиме на Naked колекцијата на палети и прајмери што даваат најприроден финиш, како втора кожа. Покрај тоа, од Urban Decay особено се горди на фактот дека нивните производи не се тестирани на животни. Со цел да ја прошират култната Stay Naked мејкап колекција, ја создадоа пудрата Stay Naked Hydromaniac Tinted Glow Hydrator. Се работи за најнов додаток, совршена пудра која со своите магични својства стекна наклоност на многу бјути ентузијасти – барем оние кои веќе имале можност да ја испробаат.
View this post on Instagram
Совршен производ за жедна кожа!
Оваа ексклузивна навлажнувачка пудра нуди долготрајно, средно покривање со хидратантни придобивки од обоените креми. Се работи за одличен производ за жедна кожа кој обезбедува идеална доза на сјај на вашиот мејкап изглед. Оваа пудра носи бран на трајна хидратација со покривност на кожата и без чувство на тежина на лицето до 24 часа.
Неговата формула содржи комбуха филтрат богат со хранливи материи и масло од маракуја, омилено во бјути индустријата за хидрирање на кожата и тен кој изгледа свежо во текот на целиот ден. Покрај тоа, оваа формула може лесно да се надогради, давајќи слобода да го прилагодите нивото на покривност според вашите сопствени потреби. Во секој случај, можете да очекувате беспрекорен финиш на кожата без видливи несовршености. Stay Naked Hydromaniac доаѓа во 12 флексибилни нијанси кои се создадени да одговараат на повеќе тонови на кожата.
Како може да се користи Stay Naked Hydromaniac пудрата?
Не ви се потребни алатки за да ја нанесете оваа пудра. Можете да ја нанесете со прсти и да ја стопете со кожата од центарот на лицето кон нанадвор. Нанесете дополнителен слој ако сакате посилно покривање. За контурирање и хајлајтирање изберете 2-3 нијанси посветла или потемна пудра од бојата на вашата кожа.
View this post on Instagram
За дополнителна доза на сјај и уште поубав изглед на кожата, измешајте ја Hydromaniac со All Nighter Face Primer. Покрај тоа, можете да ја користите како транспарентен бронзер. За дополнително и насочено покривање, покрај Hydromaniac пудрата можете да користите и комплементарна нијанса на Stay Naked Correcting коректорот.
Наскоро и кај нас!
Убавина за сите со ексклузивна информација дека наскоро производите на брендот Urban Decay ќе можат да се набават и кај нас. Повеќе информации наскоро! Следете не!