- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нежно розовата станува минатото, а виолетовата нова водечка нијанса! Запознајте ја палетата на сенки од брендот Urban Decay – Naked Ultraviolet. Тоа е комбинација од 12 пигментирани неутрални нијанси на виолетова кои ќе бидат совршен додаток за секој мејкап изглед на очите. Со новата палета, Urban Decay оддава почит на својата препознатлива боја и сè што е необично. Време е за промена и рапсодија со виолетовата боја.

Naked Ultraviolet нуди нешто за секого и за секоја пригода!

Неверојатната комбинација на металик и мат бои во палетата Naked Ultraviolet нуди нешто за секого и за секоја пригода. Пробајте ја сенката Mind Slip која е совршена мат боја на праска, заедно со нијансата V.R. која е светла боја на боровинки со прекрасни светки, сето тоа за да постигнете Smokey Eye изглед на очите или изберете ја Warning виолетовата нијанса со изразен пигмент и нанесете ја преку целиот очен капак за смел изглед. За да постигнете целосно неочекуван мејкап изглед направете решителна комбинација на Euphoric и Purple Dust сенките.

- Реклама -

Најновата палета ја слави љубовта спрема својата препознатлива боја!

Нанесувањето на сенките на очниот капак никогаш не било полесно со оглед на тоа што палетата на сенки за очи Naked Ultraviolet доаѓа со веганска двострана четка која не е тестирана на животни. Палетата Naked Ultraviolet не ја слави само историјата и љубовта спрема препознатливата виолетова боја на Urban Decay, туку и сите нијанси од нежната светкава нијанса на праска до сензуалните темни виолетови бои кои се толку различни и секогаш во тренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Urban Decay Cosmetics (@urbandecaycosmetics) on