Розата е фаворит на ова годишно време! Dr.Hauschka Rose Day Cream
Jennifer Lopez е присутна во јавноста повеќе од 20 години и се чини дека од нејзината улога во филмот „Maid In Manhattan“ нема остарено ниту еден ден. Секако, возраста не е нешто што треба да се сокрие, но факт е дека сега со 51 година J.Lo изгледа подобро од било кога. И покрај тоа што во моментов е посветена на нејзината сопствена линија за нега на кожата, бјути ентузијастите ширум светот велат дека германскиот крем што J.Lo го користела со години е како чудо што ги елиминира фините линии, брчките и темните кругови.
Jennifer Lopez уште во 2014 година, кога беше гостинка кај Andy Cohen откри дека е долгогодишна обожавателка на Rose Day Cream од брендот Dr.Hauschka.
Оваа дневна крема има повеќе од 900 оценки со пет ѕвезди! Бјути ентузијастите велат дека по повеќегодишно користење на кремот Rose Day немаат брчки на лицето. Дури 69-годишнички пишуваат дека ги изгубиле фините линии околу очите и образите и дека нивната кожа никогаш не изгледала толку добро. Овој крем делува толку добро, што една корисничка изјавила дека никој не верува дека таа всушност има 53 години, дури ни нејзиниот дерматолог.
Како всушност делува дневниот крем од роза?
Dr.Hauschka Rose Day Cream ја храни сувата и дехидрирана кожа склона на акни. Секоја кожа ќе ја трансформира до тој степен што никогаш нема да се двоумите да излезете надвор без шминка. Нејзината ултра хранлива формула содржи екстракт од корен од бел слез, ши путер и масло од авокадо за хидратација на кожата. Содржи вода од роза и шипки за ублажување на црвенилото и иритацијата.
Обожавателките на производи за нега на кожата ширум светот велат дека оваа крема може лесно да им конкурира на оние најлуксузните. Зрелата кожа ја одржува хидрираната цели 12 часа, а нејзините придобивки се најголеми во anti-age сегментот. Забележливо ги подобрува кожните проблеми како розацеа, егзема и акни. Дури и оние со чувствителна кожа велат дека таа го елиминира нивното досадно црвенило без дополнителна иритација.
Природно задоволство за кожата!
Dr.Hauschka е пионер во светот на чисти производи за убавина. Брендот одамна се откажа од користење на синтетички мириси и бои. Употребува само состојки кои се сертифицирани од Меѓународната асоцијација на природна и органска козметика (NATRUE), а одржливоста на природата им е во прв план. Затоа, состојките за нивните производи доаѓаат од градини со биодинамички растенија, сертифицирани германски фарми и други глобални партнерства.
За да се создаде Dr.Hauschka дневниот крем од роза, екстрактите се изложуваат на промените низ кои минува и кожата. Свежо набраните билки помешани со вода се изложуваат 7 дена на топло, ладно, светло и темно, мирување и движење. Потоа се пресуваат и се филтрираат. На овој начин екстрактот ги содржи есенцијалните и витални својства од растението и може да биде стабилно многу години.
View this post on Instagram
Ако делува на J.Lo, сигурно ќе делува и кај вас!
Бројни купувачи велат дека овој крем го откриле благодарение на J.Lo, но таа не е единствената долгогодишна обожавателка на кремот Rose Day. На неговиот природен мирис на роза тешко е да му се одолее, а ако делува на J.Lo, големи се шансите дека ќе делува и кај вас.
Каде може да ја набавите кремата?
Dr.Hauschka Rose Day Cream можете да го набавите во најблиската аптека.