- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Маскарата е најпопуларен производ за шминкање и вечен предизвик е да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки. Еден слој од маскара на трепките создава „wow“ ефект што го отвора погледот и ги нагласува очите. Затоа, маскарата се истакнува како посакуван додаток на секој мејкап изглед, додека гламурозната шминка е незамислива без дарежлив слој на маскара за нагласени трепки.

Предизвикот да пронајдете маскара совршена за вашиот тип на трепки никогаш не престанува. Брендовите за убавина исто така не се откажуваат од предизвикот да создадат совршена маскара. Од нови формули до иновативни апликатори за нанесување, секоја нова маскара носи нешто ново, но секогаш исто ветување за максимален волумен и продолжување на трепките.

Ако сеуште не сте ја пронашле совршената маскара за вашиот тип на трепки, проблемот може да биде во изборот на погрешна маскара!

апликатори

Совршена маскара за секој тип на трепки!

Маскарата треба да ја изберете во зависност од типот на трепките. Без разлика дали вашите трепки се долги или кратки, густи или ретки, прави или природно закривени, во светот на убавината веќе постои маскара која на вашите трепки ќе им го даде посакуваниот ефект. Се што треба да направите е да изберете апликатор кој ќе може да го извлече максимумот од трепките.

- Реклама -

апликатори

Кратки трепки!

Ако вашите трепки се кратки, треба да барате маскара што ќе даде ефект на должина на трепките. Маскари со помали или силиконски апликатори се најдобриот избор.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Долги трепки!

Ако сакате дополнително да ги нагласите долгите трепки, вашиот избор е маскарата која дава дополнителен волумен и ја нагласува нивната должина. Посебно треба да обрнете внимание на формулата на маскарата. За да избегнете пресликување на маскарата на вашите очни капаци или под очите, бирајте водоотпорни или маскари кои брзо се сушат.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Ретки трепки!

За ретки трепки, сè што барате од маскарата е волумен, волумен, волумен! Ќе ја пронајдете вашата совршена маскара помеѓу маскарите со голем апликатор. Тој ќе ви помогне лесно да создадете волумен. Ако вашите трепки се склони кон прилепување, секогаш изберете маскара со голем, но силиконски апликатор.

Густи трепки!

На густите трепки не им недостасува волумен, но се склони кон прилепување. Поради тоа главниот предизвик е да пронајдете маскара која ги одделува и ја нагласува нивната должина. За најдобро одделување и најдобра контрола при нанесување, изберете помали апликатори или популарните tubing маскари кои се истакнуваат како најдобар можен одговор за густите трепки.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Прави трепки!

За посакуваниот ефект на закривени трепки, на правите трепки им треба маскара со водоотпорна или специјална формула за закривување на трепките. Но, формулата не треба да биде премногу тешка за да може да се создаде закосен ефект и да се задржи во текот на целиот ден.

Како да пронајдете маскара за вашиот тип на трепки

Закривени трепки!

Природно закривените трепки не бараат премногу! Сепак, за нив постои еден вид на маскара која ќе им одговараа повеќе од другите. Изберете маскара чија текстура е ретка и влажна, што ја прави исклучително лесна за нанесување. Што се однесува до апликаторот, изберете го оној силиконскиот со долга четка. Уште еден  трик кој ќе ви помогне ако имате закривени трепки е пред да нанесете маскара да ги расчешлате трепките со апликатор без маскара.

силиконски апликатор