- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нов сјаен кармин Guerlain KissKiss Shine Bloom, 95% природно создаден! 

Guerlain со гордост го претстави KissKiss Shine Bloom, новиот 95% природно создаден сјаен кармин кој не прави компромис помеѓу удобноста на усните и своите перформанси. Новата исклучителна текстура која се топи, нуди свежа и изразена боја со досега невиден воденест сјај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)

Бакнеж од природата! 

95% природно создаден кармин, KissKiss Shine Bloom ги содржи најдобрите состојки што природата може да ги понуди. Формулата вклучува состојки добиени без користење на растворувачи или конзерванси по пат на ладен процес на екстракција за да се минимализира влијанието врз животната средина, како екстракт од масло од зимска роза и органска состојка таканаречена ши путер.

KissKiss Shine Bloom golden package`

- Реклама -

Сјаен бакнеж! 

За воденест сјај со исклучително чувство на усните, Guerlain ги спои природно создадениот восок од канделила, познат по својата уникатна рефлектирачка моќ, со мазното дејство на екстрактот од зимска роза. Со едно нанесување, усните добиваат ефект на огледало создавајќи сјаен и блескав импакт.

KissKiss Shine Bloom collection

Грижлив бакнеж! 

Во срцевината на природната формула со која е креиран KissKiss Shine Bloom, откријте го цветниот концентрат за нега на усните, со 24 часовно хидратантно својство кое содржи хијалуронска киселина, ши путер и екстракт од зимска роза за измазнети и негувани усни со инстантно и долготрајно дејство на ултра впечатливи усни. Мазни и полни со волумен, усните ќе изгледаат природно убави и совршени како никогаш досега.

Guerlain KissKiss Shine Bloom rose flower

Комплетно нова амајлија! 

Легендарниот Kisskiss, сега во сосема ново пакување. Со блескав, нов златен сјај што го привлекува вниманието. Под својата златна обвивка, новиот кармин се топи и се лизга на усните и овозможува момент на чиста сензуалност, со само едно нанесување.

KissKiss women

Цветни нијанси! 

Инспириран од бојата на цвеќињата, KissKiss Shine Bloom е достапен во повеќе свежи, богати и живописни нијанси за природна убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)