Конечно, можеме да го поздравиме новиот машки парфем од модната куќа Paco Rabanne, кој не припаѓа на популарната милион колекција, новото издание наречено Phantomфутуристички ароматичен дрвенест мирис, роден од судирот меѓу луксузната изработка и новата технологија.

Paco Rabanne Phantom visual

Paco Rabanne Phantom bottle and package

Робот е инспирација за новото шишенце!

Phantom доаѓа во многу атрактивно шише слично на играчка, што е тренд меѓу дизајнерските брендови кои се тркаат да понудат што е можно повеќе невообичаени шишенца за своите парфеми. Овој пат, инспирацијата за новото шишенце е робот, направен во сребрена боја со црни детали, големо лого на градите и прскалка поставена на „носот“ на роботот.

- Реклама -

Мирис за да се чувствувате енергично, силно, сигурно и секси!

Мирисната композиција е создадена со помош на супериорна креативна постапка за избор на состојки за да се чувствувате енергично, силно, сигурно и секси. Може да очекувате смел мирис составен од кремаста лаванда, енергичен лимон (засилен со молекулата „styrallyl acetate“ која дава мирис на сува и интензивно зелена нијанса на гарденија) и секси дрвенеста ванила. Paco Rabanne Phantom е формулиран како мирис на денешницата, создаден за иднината.

Paco Rabanne Phantom ingredients

Новиот Phantom мирис е потпишан од парфимерите: Anne Flipo, Dominique Ropion, Loc Dong и Juliette Karagueuzoglou.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)

Phantom колекција!

Paco Rabanne Phantom е достапен во шишенца од 50, 100 и 150 мл, како Eau de Toilete и шишенце за надополнување од 200 мл. Покрај тоалетната вода колекцијата вклучува и део спреј од 150 мл.

Phantom package

Phantom bottle

- Реклама -