- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Може ли една жена да има доволно лакови за нокти?

Независно од тоа дали сами ги средувате ноктите или одите во салон за маникир, промената на лакот за кратко време може да го освежи имиџот и да го подобри расположението.

Трендовите покажуваат дека време е за гламур, барем на ноктите!

Како во светот на модата, трендовите во светот на маникирот се менуваат од сезона во сезона, а боите на лакови за кои имавме чувство дека засекогаш ќе ги носиме, паѓаат во заборав, а после неколку години повторно се враќаат…

Кои стилови на маникир ќе бидат во тренд, најчесто одлучуваат познати експерти за маникир и големите козметички компании. Од неодамна не е невообичаено трендот да биде инспириран од некоја популарна серија, славна личност или објава на социјалните мрежи.

Погледнете какви стилови на маникир и бои на лакови доминираат оваа година.

- Реклама -

Големото враќање на блескавите нокти!

Потребен е лак со нежни светки за омилениот кадифен маникир или лак со големи светки. Не е важно што ќе одберете се додека вашите нокти блескаат.

Со години резервиран за новогодишните забави и малите девојчиња, блескавиот маникир се враќа во светот на големите девојки, без разлика на сезоната.

нокти трендови блескави нокти

manikir trendovi bleskavi nokti

Маникир трендови блескави нокти

Некој нов француски маникир!

Големо враќање има и помалку заборавениот француски маникир, но овој пат во многу попрефинета форма. Врвовите на ноктите се исцртуваат само со тенок слој бел лак, а доколку сте склони да експериментирате, ќе ви се допадне француски маникир во разни бои.

француски маникир нокти

француски маникир на ноктите

francuski manikir

Префинет и рафиниран маникир!

На социјалните мрежи поимот „clean girl manicure“ значи враќање на нуд лаковите кои прават ноктите да изгледаат како да не се лакирани, но овој префинет изглед доаѓа со еден важен услов. Ноктите и рацете мора да бидат беспрекорно негувани, а лак прецизно нанесен.

prefineti i rafinirani nokti

Префинети и рафинирани нокти

Префинети и рафинирани нокти

Женствен црвен лак!

Црвениот лак на црвениот тепих веќе го носеа Jenna Ortega, Lily Collins и Maddie Ziegler. Зошто да не го изберете за ноќно излегување?

Женствен црвен лак маникир тренд

Женствен црвен лак маникир тренд

Уметничко поигрување на нуд основа!

Жените кои сакаат уметничко изразување на ноктите ќе го сакаат овој стил на маникир. Поигрување со бои и форми на нокти кои беспрекорно се негувани и намачкани со проѕирен лак, судејќи според најновите фотографии од профилите на артистите за нокти кои прават маникир за познати личности, ќе ги обожаваме оваа година.

Уметничко поигрување на нуд лак за нокти

Umetnicko poigruvenje so nud osnova manikir trend

Уметничко поигрување на нуд лак за нокти

Umetnicko poigruvenje so nud osnova manikir trend

Уметничко поигрување на нуд основа маникир тренд

Син или зелен маникир!

Експертите за убавина предвидуваат дека на сината боја наскоро ќе и се придружи и зелената. Ако треба да судиме според модните прогнози кои велат дека сината боја ќе биде хит, претпоставувам дека оваа нијанса ќе живее и на ноктите на многу девојки.

Sin ili zelen lak za nokti

Син или зелен лак за нокти