Open Sky е лимитирана едиција на брендот Byredo, нова мирисна приказна која го слави „она помеѓу“.
Она помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација!
Open Sky го истражува просторот помеѓу точката на поаѓање и крајната дестинација.
„Иако, практично сме заробени на едно место веќе некое време, нашите сеќавања станаа посебно живи – и она на кое најчесто се сеќаваме се патувањата. Таа идеја за движењето, за патувањата, за тоа дека сте некаде на пат е она што најмногу ми недостига во моментов. Она што сакав да доловам со овој мирис е празнината која постои помеѓу две места, местото на поаѓање и крајната дестинација“ – Ben Gorham – основач и креативен директор на Byredo.
View this post on Instagram
Мирис на самото патување!
Настанат во време кога светот е приземјен, Open Sky претставува метафизички омаж на искуството на патувањата: мирис на самото патување. Истражувајќи ја празнината меѓу местото на поаѓање и крајната цел и апстрактната привлечност на бесконечниот хоризонт, ова е мирис кој не постои ни овде ни таму – туку го слави она помеѓу.