Врвните швајцарски третмани од Swiss Perfection за нега на кожата се состојат од најефикасните и високо концентрирани биотехнолошки состојки и природни екстракти. Swiss Perfection е прв бренд кој ја примени билната целуларна технологија во козметиката и со заштитениот комплекс Cellular Active IRISA ужива ненадмината репутација кога во прашање е врвната нега во борбата против стареењето на кожата.
Швајцарско производство за формули доведени до степен на совршенство!
Сите Swiss Perfection формули се внимателно создадени до степен на совршенство. Покрај тоа, Swiss Perfection е бренд кој е цврсто поврзан со Алпите, чие комплетно производство се одвива во Швајцарија, вклучувајќи го комплексот Cellular Active IRISA, чиста вода од дивите предели, како и низ алпските билки чии корисни дејства на кожата ги потврдија задоволните клиенти.
Производи наменети за борба против опуштањето на кожата!
Знаците на стареење ги забележуваме на сите делови на телото, но некако за нас најзначајно е кога ќе се појават на нашето лице. Опуштената кожа на лицето е првото што го забележуваме.
Козметиката Swiss Perfection е наменета за борба против опуштањето на кожата. Има способност да ја врати цврстината и да ги израмни борите и линиите, имитирајќи природна способност на кожата да произведува колаген. Освен моќните состојки кои ја затегнуваат кожата, оваа козметика содржи високо концентрирани хранливи состојки за ефикасна обнова и заштита на кожата од штетни влијанија на надворешната средина. Го зацврстува кожното ткиво, го враќа волуменот и ги преобликува контурите на лицето.
Врвен серум за вашето лице да изгледа помладо и да се чувствувате задоволни!
Серумот Cellular Rejuvenation Serum RS-28 е првата креација и водечка формула од асортиманот на Swiss Perfection. Дизајниран е да ја штити кожата од предвремено стареење и штетни надворешни влијанија. Со редовна употреба на овој серум, кожата е интензивно хидрирана и подмладена. Мешавината од хранливи екстракти ги смирува евентуалните воспалителни процеси, а сувата кожа добива здрав изглед, свежина и сјај.
Swiss Perfection колекции според потребите на вашата кожа!
Swiss Perfection доаѓа во 6 колекции според потребите на вашата кожа. Може да се одлучите за некои од нив или пак да ги комбинирате.
#1 Cellular Perfect Prepare
Одиме по ред!
#2 Cellular Perfect Prevent
За идеално зачуван младешки капитал!
#3 Cellular Perfect Repair
Оптимизирана регенерација на кожата!
#4 Cellular Perfect Lift
Извонредно затегнување на кожата!
#5 Cellular Perfect RS-28
Таргетирани третмани против стареење!
#6 Cellular Perfect Men
Специјално наменети за мажи!
Од растението Ирис до ексклузивна состојка создадена за интензивно стимулирање на метаболизмот на кожата!
Cellular Active IRISA е во сржта на негата на кожа кај Swiss Perfection, создавајќи синергија преку секој чекор од вашиот ритуал за убавина. Cellular Active IRISA дава видливи резултати кај зрелата кожа борејќи се со знаците на стареење. Кај младата кожа спречува појава на оксигенизација и го забавува дејството на времето. Ден за ден, тенот станува посветол, кожата подмладена, а нејзиниот здрав изглед е многу забележлив.