Сензуален, женствен, возбудлив – тоа е новиот мирис Black Opium Extreme, збогатен со нота на екстремно црно кафе.
Нота на црно кафе и засилен мирис со бели цветови и опојна ванила!
Познатиот мирис Black Opium Eau de Parfum од 2014 година е збогатен со нота на црно кафе и засилен со мирис на бели цветови и опојна ванила. YSL Beauty со овој парфем претставува нов интензитет: контрастот на црното и белото од оригиналниот парфем доаѓа до поголем израз со екстра црното кафе и ултра белите цветови.
Потопување во темнина кога градските светла ќе згаснат!
Креаторите на оригиналниот Eau de Parfum, парфимерите Nathalie Lorson, Olivier Cresp, Honorine Blanc и главната парфимерка Marie Salamagne ја откриваат инспирацијата која стои зад новата варијација.
„Потопување во најекстремната темнина на ноќта кога градските светла ќе се згаснат“.
View this post on Instagram
Природни состојки за доза на гламур!
Покрај нотата на екстра црно кафе, парфемот содржи пачули кој ја дава неговата кадифено-дрвенеста длабочина и долготрајност, црна ванила која носи софистицираност и бели цветови – јасмин, чија опојна моќ е засилена со цвет од портокал. Во горните ноти доминира овошје – сочна круша, слатка мандарина и енергичен лимон, кои ја даваат посакуваната свежина на мирисот.
Black Opium Eau de Parfum Extreme носи доза на гламур благодарение на природните состојки направени за брендот – екстракт од шпански јасмин од Индија и екстракт од bourbon ванила произведен на одржлив начин на Мадагаскар.
View this post on Instagram
Zoë Kravitz заштитно лице на новиот смел, секси и рокерски мирис!
Покрај состојките посебно е шишето во кое доаѓа мирисот – целосно покриено со црни светки, потсетувајќи на брендот Yves Saint Laurent, препознатлив по блескавите вечерни модни креации, успешно носени од амбасадорката на брендот, актерката Zoë Kravitz, која е заштитно лице на новиот смел, секси и рокерски мирис.
Вклучете се во играта и нурнете во целосно новиот Black Opium Eau de Parfum Extreme. Дигитален универзум како од соништата каде Zoë Kravitz ја издигнува сагата на следно ниво, ослободувајќи свет на работ помеѓу органското и виртуелното. Свет во кој сè е поизразено, црното е потемно, светлото е посветло…