- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисната линија L’Interdit на брендот Givenchy е збогатена со нов производ, парфем достапен во многу привлечна амбалажа во форма на кармин. Препознатливата мирисна формула на L’Interdit парфемот потпишана од парфимерите Dominique Ropion, Anne Flipo и Fanny Bal, сега е достапна во нова форма совршена за нанесување на мирис во текот на денот и носење во ташна.

Мирис заснован на контрасти!

Мирисот е заснован на контраст на бели, многу нежни цветни ноти од тубероза, јасмин и цвет од портокал и темни базни ароми на пачули и ветивер. Композицијата е нијансирана со нежни овошни, кадифени нијанси на круша и бергамот.

Парфемот Givenchy L`Interdit Solid во форма на кармин е достапен во пакување од 3,3 грама.

- Реклама -