- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кои бои на шминка најдобро одговараат на дамите со руса коса?

Бојата на вашата коса е главен фактор што треба да го земете во предвид при изборот на нијансите што ќе ги употребите при креирање на вашиот мејкап изглед. Бојата на косата честопати ќе диктира кои нијанси ќе ги употребите. За вас ќе споделам неколку совети за тоа кои бои на шминка најдобро одговараат на дамите со руса коса.

Русокоса

Очи

За вас важи правилото, колку помалку, толку подобро, бидејќи бојата на вашата коса е доволно силен акцент. На русокосите не им одговара многу силна шминка на очите. Нежните пастелни бои се одлични за вашиот нежен изглед. Најдобро ќе изгледате ако употребувате сенки во розова, златна или во боја на праска или шампањско. Нијансите на праска се универзално прикладни за сите русокоси. Најдобро е да користите маскара и молив за очи во кафеава боја, а не црни, затоа што црната боја ќе ви даде тежок изглед на вашата шминка.

Лице

За русокосите многу е важно да ја одберат совршената пудра за лице, која што нема да го направи лицето премногу темно, ни премногу сјајно. Вам добро ви стои руменило со розова и боја на праска.

- Реклама -

Усни

За усните одберете неутрална нијанса на кармин или во боја на кожа. Светлите нежни нијанси на кармини се токму за вас. Ви препорачувам да употребувате кармини кои се во иста боја како вашите усни. Може да си поиграте со поинтензивни розови бои за вечерен изглед. Но, ако сте избрале црвен кармин, тоа нека биде речиси проѕирна нијанса. Поинтензивната нијанса оставете ја за вечерното излегување.