Секоја жена е уникатна, затоа Guerlain понуди врвен луксуз за усни, совршен кармин по ваш вкус. Rouge G de Guerlain е првиот кармин, креиран како скапоцен накит што може да го прилагодите на вашиот стил. Можете да ја изберете нијансата од вашите соништа и потоа изберете едно од многуте прекрасни пакувања инспирирани од скапоцен накит. Во овој исклучителен кармин, Guerlain вгради бујна нега за усни и интензивна боја. Усните ќе ви бидат натопени со луксузна, интензивна и долготрајна прегратка од боја.
Ултра луксузно пакување за кармин со огледало!
Можете да го изберете вашиот кармин од широкиот асортиман на нијанси достапни во 3 текстури – сатен, мат и најновата со блескав сјај. Потоа, само изберете го пакувањето со две огледала од низата на различни стилови, од безвременски до најмодерни, за да го создадете вашиот комплетен кармин.
Guerlain Rouge G de Guerlain Sheer Shine кармин со блескав сјај!
Новата линија на кармини – Rouge G de Guerlain Sheer Shine ќе им даде на вашите усни совршена интензивна боја со блескав сјај, оптички ќе ги прекрие несовршеностите и ќе обезбеди долготрајна хидратација на усните. Благодарение на хијалуронската киселина и guggul смолата, вашите усни ќе изгледаат пополни, а путерот од јојоба и манго нежно ќе ги обвиткаат. Формулата е збогатена со растителни полимери и микрокристали, за совршено зајакнати усни.
Guerlain Rouge G de Guerlain Sheer Shine е со блескав финиш и ги облекува усните со превез од сјајна боја по мерка. Уникатната формула се лизга преку усните, нудејќи удобност и хидратација до шест часа. Карминот е збогатен со дијамантски прав, а блескавата завршница доаѓа во повеќе светли и блескави нијанси во кремаста форма. Нанесувањето е лесно, интуитивно и ултра прецизно.
7 причини ЗА!
#1 Кармин со кој може да изберете пакување од колекцијата Rouge G!
#2 На усните им дава интензивна боја и блескав дијамантски сјај!
#3 Мириса прекрасно, ќе осетите мирис на ванила, цитруси, роза и тонка!
#4 Гарантира хидратација на усните до шест часа!
#5 Оптички ги измазнува несовршеностите на усните!
#6 На усните им дава пополн изглед!
#7 Лесно се нанесува!
Каде може да се набави карминот?
Карминот Rouge G de Guerlain можете да го набавите во Cosmo парфимериите!