Светски познатата Huda Kattan, сопственичка на популарниот бренд Huda Beauty за најновата и најколоритна мејкап колекција инспирирана од модниот свет и модните писти, ги претстави новите палети со сенки за очи наречени Color Block Obsessions.
Никогаш досадни креации со Huda Beauty Color Block Obsessions палетите!
Палетите со сенки за очи се со богати пигменти во ексцентрични бои кои одговараат на сите тонови на кожа. Color Block Obsessions палетите ги содржат сите нијанси што можете да ги замислете – сина, зелена, портокалова, виолетова и жолта… Бјути светот конечно се врати на експериментирање со живописни – прекрасни бои, а смелите и забавни палети се микс од интензивно светли контрастни бои за креирање на привлечен изглед кој никогаш нема да остане незабележан.
„Покрај убавината, целосно сум опседната со модата и постојано се навраќам кон најновите модни ревии од кои црпам инспирација. Палетите Color Block Obsessions се инспирирани од смелите трендови на модните писти кои се забавни и лесни за носење! Навистина сакавме да предизвикаме живост оваа сезона, затоа мислам дека овие палети се одличен начин да го направете тоа.“ – вели Huda Kattan.
Екстремни контрастни нијанси кои создаваат прекрасна хармонија на бои!
Палетите Color Block Obsessions содржат три нови моќни формули. Најголемо внимание во светот на убавината предизвика cake liner сенката, специјално формулирана за создавање на креативни линии кои оживуваат веднаш штом ќе ја натопете четката со вода, создавајќи кремаста конзистентност која ќе се исуши, креирајќи смел мат финиш. На бјути ентузијастите посебно им се допадна двобојната металик сенка за очи со сјајен сатенски финиш, а за крај и моќната формула на кремастата металик полупроsирна сенка со печени пигментни снегулки со богата текстура.
Искра од оган за да ја подигнете атмосферата! Orange & Purple Color Block
За да добиете совршена комбинација на бои, палетата Orange & Purple Color Block обединува нијанси на интензивна и пастелно виолетова, жестока портокалова, праска и металик виолетова што го одзема здивот.
View this post on Instagram
Опсесија со сина и зелена боја! Blue & Green Color Block
Богати тонови на морска сина, електрично зелена, смела виолетова и неонска зелена заедно се гледаат во Blue & Green Color Block палетата. Оваа комбинација на нијанси ќе додаде опсесија со сина и зелена боја во вашиот изглед.
View this post on Instagram
Што уште вклучува Color Block Obsessions колекцијата?
Колекцијата Color Block Obsessions вклучува ексклузивен сет на четки, мини маскара Legit Lashes во електрично сина нијанса која дава највозбудливи сини трепки и нов туш за очи Life Liner Quick n Easy Precision долготрајна формула и апликатор кој е лесен за употреба.
Како да креирате Huda мејкап изглед со храбри бои?
#1 Со помош на тенка четка навлажнета со вода, нанесете од cake liner сенката по должината на горната линија на трепките, проширувајќи ја за да создадете ефект на линија создадена од туш.
#2 Веднаш над cake liner сенката на очниот капак изблендирајте од светло портокаловата мат нијанса.
#3 Дефинирајте ја браздата од очниот капак со топла портокалова нијанса.
#4 На линијата на долните трепки нанесете виолетова нијанса на сенка.
#5 За финален изглед нанесете од маскарата Legit Lashes за долги и драматични трепки, а потоа завршете со сјајна нуд усна.