- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Навестувањата дека ефектот со двојно исцртана линија на очите со помош на туш за очи или популарно наречен двојни „крилја“ би можел да стане голем тренд во шминкањето дефинитивно се потврдија на неодамнешната модна недела во Париз. Овој неодолив ретро стил со елементи на футуризам со брзина на светлина се пренесе од модните писти до сите љубители на шминката, а причините за тоа се многубројни!

За почеток, живееме во време кога поголемиот дел од лицето ни е покриено со маска и затоа важно е да најдеме доволно ефикасен начин за разубавување, поточно да се нагласи она што е највидливо, а во овој случај тоа се очите. Покрај тоа, тушот за очи е парче шминка што може да го преправи секој, дури и најздодевниот мејкап изглед и да го направи неверојатно привлечен.

Double Winged Eyeliner Look

Апсолутен „must have“ производ!

Она што е црниот фустан во гардеробата, тоа е црниот туш за очи во несесерот – значи, апсолутен „must have“ производ! Но, како што еден црн фустан не е секогаш доволен и бара брош, марама, ремен или некој друг моден детаљ кој ќе го освежи и модернизира, така е и со тушот за очи. Затоа, ефектот на двојно исцртана линија на очите станува толку голем тренд, бидејќи овозможува сосема поинаков изглед од сето она на кое сме навикнати.

Освен што подразбира две „крила“, едно на горниот, а друго на долниот очен капак, графички гледано линиите се многу поостри, што гарантира драстична трансформација, а процесот не е толку комплициран како што може да изгледа на прв поглед.

- Реклама -

туш за очи за двојни крилја

Упатство за шминкање!

Таканаречениот „double winged eyeliner“ бара неутрална шминка на остатокот од лицето, а со тоа и беспрекорен, здрав и сјаен тен. Сенката е пожелна, но не е неопходна! Доколку ја користите, изберете само неутрални тонови, а потоа преминете на главната фаза на шминкање на очите.

Како да постигнете ефект на двојно исцртани линии на очите во 4 чекори?

#1 Линијата на горниот очен капак започнете ја со повлекување на тушот за очи по целата должина на окото – од внатре кон надвор.

#2 Пожелно е линијата на почетокот да биде тенка и позиционирана што е можно поблиску до коренот на трепките, а потоа постепено подебела и поостра додека се извиткува за да формира „крило“. Должината, аголот и дебелината зависат исклучиво од вашите преференции и обликот на очите.

#3 Слични правила важат и за долното „крило“, освен што во овој случај, исцртувањето треба да започне на последната третина од долниот очен капак од внатре кон надвор. Важно е линиите на горните и долните „крила“ да бидат што е можно попрецизни и паралелни!

#4 За да додадете малку контраст, аглите на очите се хајлајтираат-истакнуваат со нуд молив, а целиот изглед се заокружува со маскара за смел поглед. Доколку е потребно „пополнете“ ги веѓите со молив, бидејќи сепак фокусот е на очите!

Double Winged Eyeliner

Што научивме?

Двојното „крило“ не мора да биде црно. Подеднакво пожелни комбинации се црната и златната, црната и белата, црната и металик зелената… За најхрабрите се резервирани уште поекстравагантни бои, може и циркони, зошто да не!

Доколку мислите дека „крилјата“ се премногу дебели, користете стапче за уши на кое претходно сте нанеле средство за отстранување шминка и избришете го просторот внатре помеѓу двете линии за да бидат потенки и поубаво дефинирани.

„Крилјата“ можат, но не мора да имаат иста должина или дебелина. Можете да ги исцртате со течен туш, гел туш или туш во форма на пенкало.

Аголна четка на тушот за очи во форма на пенкало е одличен избор за создавање на попрецизни и чисти линии.

Ефектот со двојно исцртана линија на очите одлично се комбинира со повеќе комбинации на облека, особено со минималистички ролки и бели кошули со машки крој. Затоа, време е да ја совладате техниката која го полуде целиот мејкап свет.

Colour Double Winged Eyeliner