- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Да, тоа е можно со маскарата Maybelline Colossal Curl Bounce

Постојат голем број на производи за убавина без кои жените не можат да си го замислат денот, но сепак еден посебно се издвојува, а тоа е маскарата! Слободно можеме да кажеме дека овој култен мејкап производ дефинитивно е задолжителен во чантата на секоја жена. Со право, бидејќи ниту еден производ за шминка не може драстично да го промени изгледот само со неколку потези, како што е случајот со маскарата.

mascara look

Иновативна формула за најдобрата маскара!

Ако мислите дека ништо не може да ги изненади вашите трепки, подгответе се за нешто сосема ново! Од брендот Maybelline New York пристигна маскарата Colossal Curl Bounce.

Maybelline New York Colossal Curl Bounce mascara visual

- Реклама -

Maybelline New York Colossal Curl Bounce mascara package

Кога станува збор за шминка, брендот Maybelline New York секогаш доаѓа со иновативни формули за најдобрите маскари. Maybelline New York одамна е фаворит кај бјути ентузијастите, а брендот е најпознат по своите непобедливи маскари. Всушност, една маскара се продава на секои седум секунди!

Новата маскара Colossal Curl Bounce откако се најде на полиците во парфимериите создаде сериозен бум. Curl Bounce го следи виралниот успех на маскарата Lash Sensational Sky High која доминираше на Tik Tok и Instagram минатата година.

Colossal Curl Bounce mascara

Оваа сезона нека ви отскокнуваат трепките!

Благодарение на Memory Curl формулата, оваа маскара ги одржува трепките свиткани до 24 часа. Затоа, не мора да се грижите за поправање на шминката во текот на денот, бидејќи тоа повеќе нема да биде потребно. Доволно е да нанесете маскара со неколку потези и веднаш ќе ги забележите трепките кои отскокнуваат. Големиот волумен и многу погустите и поистакнати трепки се главните придобивки од оваа одлична маскара.

Memory Curl формулата е дизајнирана со полимери за виткање направени од состојки кои обично се користат во производите за коса. Лесната формула без восок ветува дека трепките ќе бидат извиткани и издолжени во текот на целиот ден. Дополнителен плус е тоа што формулата е погодна за чувствителни очи, како и за оние кои носат контактни леќи.

Maybelline New York Colossal Curl Bounce mascara aplicator

Заборавете на виткачот за трепки!

Маскарата Maybelline New York Colossal Curl Bounce има специјално дизајнирана четка со двојни влакна која ги одвојува и витка трепките до висок волумен, додека Memory Curl формулата ветува виткање што трае без употреба на виткач за трепки. Благодарение на заоблената четка која го следи обликот на трепките секоја трепка останува свиткана само по едно нанесување.

Maybelline New York Colossal Curl Bounce mascara aplicator

Curl Bounce има многу погуста конзистентност, што значи дека производот лесно се нанесува и останува на трепките. Формулата се суши многу брзо, што го прави полесно надополнувањето на втор слој за поголема драма за ноќно излегување.

Затоа, сега е вистинско време да го прескокнете виткачот за трепки и да ги добиете посакуваните трепки на едноставен начин.

mascara

Дали сте подготвени за нов хит оваа сезона?

Maybelline Colossal Curl Bounce

mascara