Топ моделите како Gigi Hadid, Karlie Kloss или легендарната Elle MacPherson ги препознаа многуте придобивки од спиењето на свила и позитивниот ефект на свилата за убава кожа и коса.
Природните свилени влакна се лесни, воздушести и имаат својства кои ја штитат кожата од стареење. Свилата природно е хидрирана, не ја апсорбира влагата од кожата и косата и идеален е сојузник по ноќната рутина на нанесување серум и крем за лице. Сите хранливи состојки ќе останат на кожата и косата каде што им е местото, а не на перницата во вид на мрсни дамки. Производите од свила се совршени за спречување на кршење на влакната или појавата на несакани фини линии на лицето после спиењето.
Запознајте го Star Silk!
Брендот Star Silk лансира свилени навлаки за перници и маски за спиење направени од 100% свила со највисок квалитет. Оваа свила се користи во модната индустрија и индустријата за убавина според критериумот за густина и тежина што гарантира долговечност на Star Silk производите.
View this post on Instagram
Сите производи на Star Silk се со ознака Oeko-Tex, единствениот глобален систем за сертификација за текстилните суровини во текот на сите фази на производство. Тоа е препознатлив знак за квалитетот на ткаенините изработени без состојки кои можат да бидат штетни по здравјето на луѓето.
Конечно ќе можете да кажете „Се разбудив на свила!“
Кога спиете на свила, вашата кожа наутро ќе изгледа свежо и затегнато. Свилените навлаки за перници ќе ја спречат појавата на брчки и се важен дел од негата против стареење. Сите хранливи состојки од ноќната рутина ќе останат на вашето лице и ќе делуваат, а нема да останат на перницата. Производите на Star Silk се идеални за сите оние кои имаат кожа склона кон алергии или акни. Свилата има антибактериски и антиалергиски својства, исклучително е нежна и ја смирува иритираната кожа.
Покрај тоа, вашата фризура од претходниот ден нема да биде неуредна. Благодарение на врвните производи за убавина направени од 100% најдобрата свила, конечно ќе можете да кажете „Се разбудив на свила“.
Каде може да се набават Star Silk производите?
Во вашите FABUspot парфимерии можете да дознаете повеќе за Star Silk свилените навлаки за перници и маски за спиење, а можете да се уверите и во нивните својства и квалитет!