- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Серумот за лице е производ наменет за напредна нега на кожата на лицето и вратот и секако зазема важно место во рутината за нега на кожата кај секоја жена. Тајната на серумот се крие во високиот процент на активни материи и екстремно лесната текстура која продира длабоко во кожата, правејќи ја поздрава, посветла и со помалку брчки.

Митови што го пратат серумот за лице!

Меѓутоа, секогаш кога некој производ толку многу ја воодушевува бјути заедницата, митовите за него почнуваат да кружат, затоа ќе се обидам да ги разбијам сите ваши заблуди и митови за серумот за лице.

women

Мит #1 Серумот за лице е премногу силен – концентриран за кожата!

Серумот за лице е производ за нега на кожа кој треба да го изберете според типот и потребите на кожата. Во продажба има различни видови на серуми за лице, вклучително и серуми за лице кои се наменети за длабока хидратација, полнење на брчки, антиоксиданси, забрзано обновување на кожата и многу други. Затоа, важно е да знаете каков е типот на вашата кожа и кои се нејзините потреби и така најлесно ќе го најдете совршениот серум за себе.

serum za lice mitovi i zabludi

- Реклама -

Мит #2 Серумот е наменет само за оние над 30 години!

Ова е честа заблуда, бидејќи никогаш не е прерано да се започне со нега на кожата. За да ја направите вашата кожа поздрава и посјајна, серумот можете да почнете да го користите веќе од дваесеттите години. Додека во триесеттите години серумот особено се препорачува да се користи, бидејќи во овие години кожата почнува да ја губи еластичноста, па дури и ако се трудите да бидете физички поактивни и да го одржувате младешки изглед со правилна исхрана, нема да успеете без дополнителна нега.

women

Мит #3 Серумот за лице не ја хидрира кожата!

Оваа тврдење повторно зависи од тоа каков тип на кожа имате, каков серум сте одбрале, како и од која сезоната сте решиле да го пробате. Како што знаете, во лето е потопло, повеќе се потиме и тогаш серумот ќе биде сосема доволен за хидратација на кожата, додека во зима ќе ви помогне само ако користите крем за лице во комбинација со него. Прво нанесете серум, а потоа крем за лице.

serum za lice mitovi i zabludi

Мит #4 Серумот може да се нанеси во секое време од денот!

Ова не е вистина! Серумот се нанесува исклучиво на добро исчистено лице и врат, а периодот кој е најдобар за тоа е или само рано наутро или наутро и навечер, во зависност од потребите на вашата кожа.

serum za lice mitovi i zabludi

Мит #5 Серумот е опасен за чувствителна кожа!

Не верувајте во ваквите тврдења, напротив, доколку имате чувствителна кожа на лицето, почнете да користите серум за лице што е можно поскоро. Овој тип на кожа бара повеќе нега за разлика од другите типови на кожа, покажува знаци на стареење многу побрзо од другите типови и му треба повеќе време за регенерација. Затоа, серумот за лице за чувствителна кожа е вистинското решение и тоа посебно хидрантниот серум.

serum za lice mitovi i zabludi

Мит #6 Серумот за лице мора да е поскап!

Кога ќе земете во предвид дека серумот за лице продира длабоко во вашата кожа, соочувајќи се со сите потенцијални проблеми, како што се акни, промени во пигментацијата на кожата, брчки и дека освен активни состојки, антиоксиданси и витамини кои помагаат во обновувањето на кожата како и нејзиниот природен здрав сјај и поубав изглед, сигурна сум дека нема ни да помислите на цената на овој производ.

products