Штетното сончево зрачење кое не стивнува ни во зима, повеќечасовната активност пред електронските уреди, пушењето, недостатокот на сон, брзата храна… делуваат на вашата кожа. Големиот број на фактори кои дополнително го забрзуваат активниот процес на стареење на кожата се многу повеќе отколку што можете да замислите.
Како да се спротивставите на секојдневните закани?
Модерната жена постојано е опкружена со совети како да се спротивстави на овие секојдневни закани, од тоа како да ја заштити кожата од оксидативен стрес до тоа како да го спречи активното пропаѓање на клучните „градежни блокови“ на кожата, како што се колагенот, еластинот и хијалуронската киселина.
Добрата вест е дека од дома можете да дејствувате на најомразените знаци на стареење. Денес постојат голем број третмани наменети да го поттикнат телото да се самообновува и регенерира, а брзиот развој на дермокозметичката индустрија овозможи од дома да дејствувате на некои од најомразените знаци на стареење на кожата.
Основата на секој добар третман против стареење!
Изразени брчки, дехидрирана, уморна кожа, сив и нерамномерен тен, флеки и недостаток на сјај, сето тоа е она што не посакувате да го видите во огледало. Сето ова е резултат на неповолните надворешни услови кои значително ги забрзуваат природните процеси на стареење на кожата.
Поради овие причини, клучно е навреме, веќе во 20-тите да започнете со соодветна нега на кожата, советуваат дерматолозите. Многу истражувања докажуваат дека токму во овие години со квалитетна козметика може да се спречат разни оштетувања на кожата, пигментации, па дури и брчки и други знаци на стареење. Кога станува збор за домашен „anti-age протокол“, дерматолозите велат дека најважно е да се внимава на две работи – состојките и текстурата на производот. При изборот на идеална формулација, неопходно е да се имаат во предвид клучните состојки кои помагаат против разни видови на стареење и оштетувања, а основата на секоја добра агенда против стареење е хидратацијата.
Ниедна состојка не може да делува на кожата на која и недостасува влажност!
Само длабоко хидрирана кожа ќе изгледа младолико, негувано и здраво, а соодветната количина на влага во клетките и меѓуклеточниот простор е главен предуслов за зачувување на колагенот и еластинот. Ниту една киселина, пептид или друга состојка против стареење не може да ја заврши својата работа на кожата на која и недостасува влажност, затоа што дехидрираната кожа ќе биде груба, испукана и многу тешко ќе ги апсорбира активните состојки. Затоа, рутината против стареење секогаш започнете ја со вашата формула за длабока хидратација.