- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во последниве години свеста за заштита од ултравиолетовите зраци е поголема од било кога. Сепак, оние кои сè уште не сакаат да користат производи за заштита од сонце или воопшто не ги нанесуваат, како една од причините за тоа ја наведуваат некомпатибилноста на повеќето СПФ креми со течните пудри. Точно е дека комбинирањето на СПФ крем и течна пудра може да биде предизвик, но тоа секако не е невозможно. За успех на комбинирањето на производите ќе треба да бидат задоволени неколку фактори.

Како да комбинирате СПФ крем и течна пудра? Имам добар совет!

Зошто пудрата со СПФ не е доволна заштита?

Голем број жени избираат течни пудри со СПФ заштита за да го прескокнат чекорот со УВ заштита и да ги намалат чекорите за време на спремањето, нанесувајќи само еден производ. Сепак, течната пудра со СПФ не може целосно да го замени кремот за заштита од сонце, првенствено затоа што не го нанесувате во доволна количина! Истражувањата покажаа дека повеќето луѓе сè уште не знаат како да ја нанесат вистинската количина за да го заштитат лицето, бидејќи кај пудрите тенденцијата е да се нанесува додека не се задоволи покривноста на кожата на лицето.

Вистината е дека треба да се нанесат од 1,25 до 2,50 мл крем со заштитен фактор за лицето да ја добие оптималната заштита. Меѓутоа, многу е веројатно дека никој нема да користи толку течна пудра при нанесувањето, бидејќи со толкава количина на пудра мешањето со кожата едноставно би било невозможно. Од друга страна, ако мислите дека кога носите крем и пудра со заштитен фактор 30, всушност носите 60, за жал заштитните фактори не се собираат, туку заштитата е во бројот на производот од кој најмногу имате нанесено.

women on the sun

- Реклама -

Како правилно да нанесете СПФ крем и течна пудра?

Редоследот на нанесување на СПФ производ со мејкап производ ќе зависи првенствено од текстурата. На пример, ако имате крем, пена или лосион со заштитен фактор, идеално е да го нанесете како додаток на вашата редовна рутина за нега на кожата, можеби заменувајќи го хидратантниот крем. Штом ќе се апсорбира СПФ производот, во ред е да нанесете шминка. Од друга страна, доколку имате транспарентен СПФ производ во спреј, се препорачува да го нанесете врз шминката, иако не е грешка да го нанесете како основа. Во последниве неколку години популарни станаа и СПФ во форма на камена пудри и пудра во прав. Овие производи ви предлагам да ги користите само и исклучиво за обновување на заштитниот фактор во текот на денот, бидејќи со нив тешко е да се одреди колку е доволно за да се примени за целосна заштита од сонце.

women smile

Како оптимално да ги усогласите СПФ и пудрата?

Тајната лежи во вистинската комбинација на формулите! Универзално правило е дека ист тип на прајмер мора да се комбинира со иста пудра. На пример, силиконски прајмер со силиконска пудра! Истото правило важи и за производите со СПФ доколку сакате успешно да ги комбинирате со вашата омилена пудра. СПФ производот кој гарантира матирање на кожата убаво ќе се вклопи со пудра на база на силикон, додека СПФ производите со сјаен финиш ќе изгледаат убаво со лесни кремасти пудри. Сепак, секогаш оптимален избор е СПФ со лесна текстура во форма на есенција или гел крем, текстури исклучително погодни за комбинирање со мејкап производи, бидејќи ја прават кожата фантастично хидрирана.

Како да комбинирате СПФ крем и течна пудра? Имам добар совет!