- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дебитирајќи во рамките на визионерската кампања поставена во градината од соништата каде што цвета магијата, парфемот Profumo di Fiori влегува во светот на Gucci Bloom – замислен од Alessandro Michele и создаден од мастер парфимерот Alberto Morillas.

Софистициран и егзотичен мирис!

Славејќи ја виталноста и различноста на оние кои се идентификуваат со модерната филозофија на Gucci модната куќа, Alessandro Michele и Alberto Morillas овој пат избра цветна алијанса на ylang-ylang, тубероза и кинеската билка Орлови нокти за да создадат софистициран и егзотичен мирис.

Gucci Bloom Profumo di Fiori Eau de Parfum

Ќе ве маѓепса!

Женскиот Gucci Bloom Profumo di Fiori ќе ве маѓепса со тропски и пријатни афродизијачки ароми. Егзотичниот ylang-ylang е измешан со опојни бели цвеќиња и веќе добро познатиот акорд што се наоѓа во сите мириси од Gucci Bloom линијата. Тоа е Rangoon Creeper – кинеска билка Орлови нокти, вид на растение со црвени цветови со потекло од тропска Азија. Profumo di Fiori е создаден за оние кои се осмелуваат да го искусат животот и неговите плодови и да процветаат во нивното вистинско јас.

Gucci Bloom

- Реклама -

Мирисот остава елегантна и специфична трага!

Со својата свежина и природна зеленост, богатиот цветен квалитет и кремаста длабочина, туберозата е херојот во овој класичен цветен мирис. Блескав пресврт на белиот Bloom цветен потпис, Profumo Di Fiori ја ослободува привлечноста на туберозата и ја помешува со самбак јасмин за инстантен и директен израз. Јасминот ја нагласува белината на цветното срце и го збогатува сончевиот ефект на композицијата. Парфемот е збогатен со топлината на цветот ylang-ylang отелотворен од богат бран на сандалово дрво и кремасти дрвенести ноти. Мирисот остава елегантна и специфична трага кога  оризот се комбинира со топлиот бензоин и омекнува покрај сензуалниот облак од мошус.

Gucci Bloom Profumo di Fiori Eau de Parfum

Aктерката Anjelica Huston во рекламната кампања!

Рекламната кампања претставува четири жени. Според креативниот директор на брендот Gucci – Alessandro Michele тие беа избрани да ја претстават виталноста и разновидноста на брендот. Предводени од актерката Anjelica Huston, пејачката Florence Welch, актерката Jodie Turner-Smith и дизајнерката Susie Cave.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Светло жолта боја на шишето!

Шишето на Gucci Bloom Profumo di Fiori е со истиот дизајн како претходните изданија на Gucci Bloom, но со светло жолта боја на шишето, инспирирана од самата композиција. Надворешното пакување исто така е направено како претходните изданија со цветен принт на Toile de Jouy Herbarium House.

Gucci Bloom Profumo di Fiori Eau de Parfum a bottle and box Купи Сега Shop Now Elixir

Gucci Bloom Profumo di Fiori е достапен во шишиња од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.