Elixir парфимериите отсекогаш беа специјални места каде многу жени на кратко можеа да побегнат од напорниот секојдневен живот и да го откријат раскошниот, разиграниот и секогаш различен, прекрасен и блескав свет на производите за убавина. Од фаворитите за шминка до производите за нега на кожа и коса, сите тие не само што го трансформираат нашиот изглед, туку честопати успеваа да го трансформираат нашето расположение.
Реновирана и ребрендирана Elixir ГТЦ парфимерија!
Позади брендот Elixir стои македонскиот ланец на парфимерии кој својата прва парфимерија ја имаше отворено во 2004 година. Сите овие години купувачите ги препознаваа по виолетовата заштитна боја, а сега Elixir ги отвори вратите на реновираната и ребрендирана Elixir парфимерија во центарот на Скопје – Градски Трговски Центар.
Она што најпрво се забележува е модерниот и топол ентериер, кој ги воодушевува посетителите, пропратен со модернистички елементи во индустријален стил, топли бои на мебелот и зеленила кои го разубавуваат просторот и прават да се чувствувате како дома.
View this post on Instagram
Омилените бјути производи на едно место!
Во делот на асортиманот, како и досега можете да ги пронајдете вашите омилени парфеми од брендовите Gucci, YSL, Lancôme, Giorgio Armani, Boss, но она што е ново и најмногу го одзема вниманието на посетителите е делот за професионална нега на коса од брендовите Kerastase, L`Oreal Professionnel и Matrix. Во парфимеријата Elixir ГТЦ не само што се продаваат нивните производи за коса, туку од страна на специјалист ќе имате можност да ви биде направена дијагностика на скалпот и должината и согласно со потребите ќе може да се направат персонализирани ритуали и третмани за коса.
Elixir ГТЦ вашата омилена бјути дестинација во градот!
Не ја пропуштајте можноста да ја посетите парфимеријата Elixir ГТЦ, новата оаза за убавина која наскоро ќе стане ваша омилена бјути дестинација во градот.