Trussardi Parfums објави дека женскиот парфем Trussardi Eau de Parfum ја освои категоријата за најдобар дизајн на пакување за женски мирис – „Best Feminine Fragrance Packaging Design“. Престижната награда беше објавена за време на 15-тото издание на Academia del Perfume Awards во Шпанија.
Победата на Trussardi е во конкуренција на повеќе од 160 кандидати кои демонстрираат креативност и иновативност, ја одразува посветеноста и страста на Trusardi во дизајнот на парфемите.
View this post on Instagram
Симбол на елеганција!
Шишето – симбол на елеганција, посветено е на индивидуалноста и силата на современата жена. Едноставниот дизајн на цилиндрично шише, украсено со розови, златни и црни ленти му дава софистицираност на мирисот внатре.
Цветен мирис како израз на голема женственост!
Затворен во елегантно цилиндрично шише, Trussardi Eau de Parfum е цветен мирис кој ја претставува силата на жените.
Парфемот Trussardi гордо го носи името на куќата Trussardi и преставува израз на голема женственост. Тој е интерпретација на современата жена. Парфемот е смел, жесток, иконичен, а жената која го носи има слободен дух, харизма и моќ и не се плаши да го живее животот со полна посветеност.
Лаванда, јасмин и бела далија за нагласена женска моќ!
Во срцето на парфемот доминира спој на различни мириси како лаванда, апсолут јасмин и бела далија кои ја нагласуваат женската храброст и моќ. Од друга страна, прегратката од акорди на антилоп кожа, љубичица и есенцијално масло од пачули ја зголемува сензуалноста на неговиот носител.