Max Factor со големи очекувања го претстави Miracle Pure Skin Iluminating осветлувачкиот серум за лице. Тоа е првиот повеќенаменски серум кој моментално ја ревитализира кожата, ја хидрира и обезбедува природен и здрав изглед на кожата на лицето.
Серум заситен со Витамин Ц и ниацинамид!
Овој хранлив серум кој содржи витамин Ц и ниацинамид (витамин Б3) со текот на времето создава сјаен и рамномерен тен, додека постепено ја трансформира кожата со видливи резулати. Веќе после првата недела кожата изгледа посветла, со подобрена текстура и тон на кожата. После четвртата недела, фините линии на лицето изгледаат намалени, а порите се помалку видливи. Забележителни се промени на кожата по 8 недели, таа е осветлена и поеластична, со засилена хидратација, природен сјај, изглед и чувство на помазна и обновена кожа.
Време е за златен сјај!
Повеќенаменскиот вегански Miracle Pure Skin Iluminating серум е формулиран со состојки добиени од природно потекло. Формулата вклучува сјајни златни честички кои ги дифузираат рефлектирачките пигменти за време на нанесувањето. Серумот совршено се вклопува во кожата и дава беспрекорен блескав изглед.
Може да се користи самостојно или во комбинација со пудра!
Мах Factor Miracle Pure Skin Iluminating серумот може да се користи самостојно како нега за кожата, пред нанесување на шминка како подлога, па дури може да се меша заедно со течната пудра за беспрекорен завршеток.
Воодушевена сум од овој серум!
Штом забележав дека една од состојките е ниацинамид, знаев дека ќе ми се допадне, а содржи и витамин Ц и сјајни златни честички кои и даваат на кожата здрав и сјаен изглед.
6 клучни придобивки!
#1 Веднаш обезбедува засилена хидратација и здрав изглед на кожата
#2 Витаминот Ц со текот на времето обезбедува посјајна кожа
#3 Ниацинамидот го зајакнува колагенот и го изедначува тонот на кожата
#4 Содржи состојки добиени од природно потекло
#5 Веганска формула
#6 Може да се користи самостојно или во комбинација со пудра