- Реклама -

Останува уште малку време да купите совршен подарок за вашата драга личност што треба да го ставите под елката. Сепак, нема простор за паника бидејќи сè уште има време да купите подарок што ќе создаде насмевка на лицето на вашата драга личност. Идеја за подароци со кои ќе ги развеселите мајките, сестрите и пријателите, подароци за мажи, подароци за гастрономските ентузијасти, како и љубителите на книги, подароци за децата, за љубителите на патувања, љубителите на убавината, како и подароци со кои нема да направите грешка, можат да бидат различни, но денес ви носам идеи за подарок на парфем! Тоа се производи за убавина со кои никогаш нема да направите грешка.

Парфем под елка!

Парфем под елка спаѓа во групата на „класични“ подароци – додека некои ќе речат дека парфемот е подарок што го подаруваме кога не сме особено инспирирани, сепак верувам дека точно е спротивното, затоа што потребно е многу напор за да се најде совршен парфем за драгата личност. Треба да ја познаете, да бидете запознаени какви мириси преферира и дали постои некој парфем што навистина сака да го проба.

Изборот е разновиден – од вечни класици до парфемски новитети!

Друга придобивка од дарувањето на парфем е тоа што личноста на која и подарувате парфем секогаш ќе ве памети кога ќе го носи, така што вашиот парфемски потпис ќе биде уште повеќе посебен. Ако немате идеја, ви носам малку инспирација за неа и за него, а изборот е разновиден: од вечни класици до парфемски новитети што не освојуваат во краток рок. 

За Неа 

Dior J’adore

Lancôme La Vie Est Belle 

- Реклама -

Chloe Eau de Parfum 

Dolce & Gabbana The Only One 

Boss Scent Absolute For Her 

Gucci Mémoire d’une Odeur 

Mon Guerlain Eau de Parfum Intense 

Emporio Armani In Love With You  

За Него 

Chanel Bleu de Chanel 

by Dolce&Gabbana 

Dior Sauvage 

Boss Scent Absolute For Him 

Gucci Guilty Cologne 

Guerlain L’Homme Idéal 

Tom Ford Noir 

Armani Emporio Stronger With You Intensely 

- Реклама -