Влезете во светот на неодоливите и вонвременски мириси на Trussardi. Донесете го мирисот на прекрасната Италија на вашата кожа!
Trussardi Donna
Нотите на лимон и пачули му даваат на Donna парфемот спој од свежина и острина, додека женственоста е осигурена преку комбинацијата на јасмин, лотос и цвет од портокал.
Во 2011 година, Trussardi Donna заедно со својот машки пар Trussardi Uomo се претставени како круна на стогодишното постоење на брендот, со преформулиран состав во однос на истоимениот парфем од 1994 година.
Софистициран, возбудлив и сензуален, Trussardi Donna EDP дава доза ненаметлива елеганција на секоја жена што го носи.
Trussardi Uomo
Нотите на лимон и бергамот му даваат доза свежина на тоалетната вода Trussardi Uomo. Гераниумот и жалфијата му даваат доза на острина, додека нотите на кожа и пачули ја носат топлината.
Модната куќа Trussardi ја обележа стогодишнината од постоењето со претставување на два нови мириси, женскиот Donna и машкиот Uomo. Безвременската елеганција е синоним за овие два парфеми. Совршена рамнотежа помеѓу класичните и современи моменти, што ги прави соодветни за секоја прилика.
Trussardi Feminine
Денешната жена е храбра, еманципирана, слободна, самостојна и секогаш управува со својот живот. Инспириран од оваа суштинска вредност на современата женственост, Trussardi Parfums создаде нова класика во уметноста на парфемскиот свет и автентична одредница на идентитетот на брендот.
Композицијата на Trussardi Feminine е претставена во 2021 година. Тоа е првиот парфем на модната куќа кој е дизајниран за новите, современи жени кои знаат како да ја комбинираат етиката и естетиката, посветени на правдата и убавината. Одлучни секогаш да бидат одговорни за својата судбина и способни да ги пренесат овие пораки на следните генерации. Оваа апсолутно италијанска мирисна композиција е формулирана од типично италијански состојки кои евоцираат елеганција, спокој, среќа и убавината на Италија. Креацијата на Feminine е настаната околу основните параметри на италијанскиот дух и женствената храброст.
Trussardi Pure Jasmine
Парфемската вода Trussardi Pure Jasmine припаѓа на chypre цветната фамилија – цвеќе во бела боја. Горните ноти се ф’стак, нероли и бергамот, а во средните ноти се јасмин, муган и шапака, додека базата ја чинат ванила, сандаловина и пачули. Pure Jasmine парфемската вода креирана од Violaine Collas и Julie Masse е претставена во 2022 година. Совршена, свежа, а топла мирисна композиција.
Trussardi Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II
Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II е унисекс мирис, патување кое започнува и временски и просторно оддалечено како би се отсликала единствената атмосфера која се наоѓа на улиците во Милано. Елеганцијата на овој парфем се гледа во слатките топ ноти на лешник, кафе и цимет, кои лесно се мешаат во коктел од кокос и тубероза, а завршниот удар доаѓа од самбак јасмин. Во основните ноти доминира кедар, ванила и бел мошус.
Trussardi Le Vie di Milano Via della Spiga
Le Vie di Milano Via della Spiga го отсликува бескрајниот шопинг на улицата Via della Spiga. Се отвора со ноти на бергамот, јаболко и саќе. Потоа елегантно преоѓа низ нотите на јасмин и махони. Средните ноти доаѓаат од капка мед, кој го прави мирисот сензуален и заносен. Долните ноти се обележани од хелиотропин, глог и билка тонка низ единствениот допир на ориентален мошус.
Trussardi Le Vie di Milano Porta Nuova
Патувањето со Le Vie di Milano Porta Nuova започнува со лист од мандарина, италијански нероли и калабриски бергамот. Средните ноти имаат во себе амарето и ирис, кои во основата се мешаат со ноти на ванила и амбер.