- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Trussardi Uomo и после толку многу години поминати од неговото лансирање, сеуште отелотворува елегантен, но современ мирис кој ја пренесува софистицираноста на италијанскиот дух.

Атрактивната арома ќе го остави секој маж во позитивно расположение!

Trussardi Uomo е многу елегантен и софистициран мирис. Совршено одговара на маж кој сака да се чувствува стилски и да буди интерес од околината. На сите што го ценат квалитетот на мирисот ќе им се допадне. Ова е совршен мирис за вечерни излегувања, трае долго и не е задушувачки. На жените им се допаѓа тоа!

Trussardi Uomo 2011

Овој мирис има нота на оние фантастични италијански лимони…

Нотите при отворањето на мирисот се типични за Италија – лимон, галбан и бергамот. Овие ароми нè носат до срцето креирано од петунии и здравец, создавајќи впечатлива мешавина. Крајниот ефект открива ноти на чиста жалфија, кожа и пачули, кои додаваат чувство на луксуз и текстура на овој огнен, заводлив мирис.

Издржливоста и развојот на мирисните ноти на кожата е воодушевувачка.

- Реклама -

Trussardi Uomo 2011 ingredients

Совршена опција за подарок!

Trussardi шишето се карактеризира со машка црна боја и минимализам со атрактивно злато, како совршена опција за подарок. Мистериозното црно шише е олицетворение на силата, а резултатот е моќен и одлучувачки.

Израз на стил и елеганција!

Иконскиот мирис од 2011 година – Trussardi Uomo и после толку години сеуште е израз на стил и елеганција!

Trussardi Uomo 2011 a bottle