Парфемот е еден од козметичките производи со најдолга и највозбудлива традиција која се крие во приказните, секогаш со различни споеви на моќни и пријатни мирисни ноти. Парфемите и уметноста на создавање на парфеми кои ја носат онаа совршена комбинација на акорди, датира уште од античка Месопотамија и Египет, но првата голема пресвртница во светот на парфемите се доживува за време на старите Римјани и Персијците кои постигнуваат ново ниво на вештини на нивните мирисни креации. Низ вековите што следеа, парфемите остануваат резервирани за оние од највисоките слоеви на општеството и стануваат статус на моќ и богатство.
Најпопуларни парфеми на сите времиња кои сеуште ги обожаваме!
Денес, иако тие се уште претставуваат вистински мал луксуз, парфемите се пристапни за сите повеќе од секогаш. Нивната зголемена достапност несомнено влијаеше врз процесот на нивното создавање, често на квалитетот, но и на нивната комерцијализација. Меѓутоа, во морето на мирисни шишенца кои не опкружуваат во било која продавница посветена на парфемите, каде може да ги пронајдете најубавите мирисни изданија, неколку парфеми нивната популарност ја изградија преку уметноста на создавањето, што се рефлектира и се чувствува во секоја нивна скапоцена капка. Помеѓу комерцијалниот успех и уметноста на создавањето на парфемите се издвоија неколку најпопуларни парфеми кои се уште уживаат голема популарност.
Неколку стари омилени парфеми сеуште го привлекува вниманието на купувачите!
Од раскошни цветни ноти, до силни дрвенести ароми и освежување што го носат цитрусните акорди, светот на парфемите стана повеќе луксузен од било кога. Сепак и покрај новите шишенца полни со пријатни мириси кои речиси постојано пристигнуваат во парфимериите, неколку стари омилени парфеми сеуште го привлекува вниманието на купувачите.
На самиот врв на листата се наоѓаат парфемите на добро познати бјути и модни брендови кои имаат долга традиција зад нив.
Chanel No.5, Guerlain Shalimar, Yves Saint Laurent Opium, Jean Patou Joy!
За љубовта на парфемот од модната куќа Chanel кој се крие зад бројот пет, уште во шеесеттите години раскажуваше легендарната Мерилин Монро, а нему во последнава деценија друштво му прави легендарниот парфем Shalimar со потпис на бјути брендот Guerlain, прекрасниот парфем Opium на Yves Saint Laurent и парфемот Joy од Jean Patou.
Неколку нови парфеми кои се здобиа со култен статус во светот на парфемите!
Во престижната група од најпопуларните култни парфемски класици во изминативе две децении се приклучија некои нови парфеми кои се здобиа со еднаков статус во светот на парфемите.
Chanel Coco Mademoiselle е еден од најпопуларните парфеми во голем број на земји, а високо на листата на најпопуларни и софистицирани парфеми е J’Adore од престижниот бренд Dior, како и воздушестиот и цветен Chloé.
На листата на мирисни класици на сите времиња следат: култниот Obsession од Calvin Klein, Prada La Femme, Jean Paul Gautlier Classique, Calvin Klein CK One и Thierry Mugler Angel.
Непогрешлив избор за подарок!
Најпопуларните парфеми некогаш ќе посакате да ги вброите во вашата колекција, а со нив нема да направите погрешен избор за подарок за вашите најблиски.