Кармин! Број еден фаворит на речиси секоја жена!
Со доаѓањето на високите температури и топлите летни денови, вашата козметичка торба станува полесна, бидејќи користите само неколку основни козметички производи за шминкање. Како еден од клучните производи за шминка е карминот, број еден фаворит на речиси секоја припадничка на понежниот пол.
Брилијантна комбинација! Colour Elixir Lip Cushion
Најпопуларниот козметички бренд Max Factor, за ова лето создаде лимитирана колекција од 7 прекрасни нијанси, со кои секој летен мејкап изглед ќе биде доведен до совршенство. Max Factor Colour Elixir Lip Cushion е брилијантна комбинација на кармин и сјај за усни, специјално дизајниран за сите прилики, за најмеки, мазни и добро негувани усни. Содржи хранливи состојки за негување кои кожата ги сака, вклучувајќи минерални масла и витамин Е. Colour Elixir Lip Cushion ги разубавува и негува усните во еден лесен чекор. Косиот и мек сунѓерест апликатор овозможува прецизно нанесување на производот. Сатенската текстура на производот лесно се нанесува директно на усните без помош на огледало.
Нанеси без огледало!
Да се има производ за усни што може да се нанеси без огледало е нешто што секоја вработена жена треба да го има. За нежна боја, нанесете помала количина на Max Factor Colour Elixir Lip Cushion, а за поинтензивна боја нанесете уште еден слој. Без оглед на бојата што ќе ја изберете, вашите усни ќе бидат убаво негувани.
7 нијанси за врвен допир на секој летен мејкап изглед!
Max Factor Colour Elixir Lip Cushion ви овозможува преку ден да имате негувани усни со дискретна боја, а за специјални прилики ќе блеснете со богата боја и текстура. Најдете го вашиот идеален меѓу 7те убави розово-црвени нијанси што ќе ви овозможат врвен допир на секој летен мејкап изглед.