Шик, секси, безвременски модерни.. Зборувам, се разбира за мачкини очи кои се толку посакувани од жените насекаде во светот. Сега, парискиот бренд Bourjois ја открива тајната на толку многу посакуваните мачкини очи. Мисијата на Bourjois е да ја направи убавината како забава и без напор. Тоа е причината зошто се создадени врвни мејкап производи за постигнување на ефектот на мачкини очи. Bourjois ги создаде Eye Catching маскарата и Eye Catching тушот за очи.
Bourjois Eye Catching маскара
Eye Catching маскарата на Bourjois е прва маскара која ви дава ефект на мачкини очи сама по себе. Нејзината формула, составена од свилени протеини, обезбедува интензивен волумен оставајќи ги трепките меки, еластични и без грутки. Нејзината иновативна закривена четка ја дефинира секоја трепка, истовремено закривувајќи ги нанадвор за да создаде неодолив широк поглед. Ако сакате уште повеќе закривени трепки, користете го врвот на четката за понатамошно интензивирање на закривувањето на вашите трепки.
Bourjois Eye Catching туш за очи
Трансформирајте го вашиот изглед со заводливи мачкини очи со Eye Catching тушот за очи, кој е прецизен, но лесен за нанесување.
Прв чекор: Користете ја рамната страна за да направете совршен “печат” на надворешниот агол на вашето око.
Втор чекор: Користете го врвот на апликаторот за да исцртате чиста остра линија од внатрешниот кон надворешниот агол.
Трет чекор: Застане за да се восхитувате на резултатот!
МЈАУ!!!
Bourjois Eye Catching маскарата и Eye Catching тушот за очи доаѓаат во црно шик пакување испишано со бледо розови букви. Буквата ‘’C’’ е исцртана со пар мачкини уши кои се заштитен знак на оваа нова линија.
Маскарата и тушот за очи се достапни само во црна боја.
Ослободете го вашето внимание!