После лансирањето на Versace Pour Homme машкиот мирис со модерна ароматична композиција, модниот бренд Versace го лансира неговиот женски еквивалент – Versace Dylan Blue Pour Femme.
Dylan Blue Pour Femme е мојата почит кон женственоста!
Donatella Versace изјави:
“Dylan Blue Pour Femme е мојата почит кон женственоста. Затоа создадов силен, сензуален, но префинет мирис за жена која ја познава сопствената моќ”.
Oдраз на единственост, сила, сензуалност и елеганција!
Цветно, овошна, дрвенеста композиција, замислена како одраз на единственост, сила, сензуалност и елеганција, претставени во горните, средните и базните мирисни ноти.
“Единственоста” е прикажана со свежите овошни акорди на горните мирисни ноти, “Силата” е претставена со модерен цветен букет, со ледени акценти, имагинарни цветови со изразита долготрајност во срцето на мирисот, додека “Сензуалноста и Елеганцијата” се прикажани како дрвенести базни мирисни ноти испреплетени со акорди на смола.
Алхемија на неодоливи ноти кои танцуваат, возбудуваат и обземаат. Создавањето на ова мирисно чудо е потпишано од Calice Becker.
Шишето ја разубавува скапоцената содржина!
Иновативниот дизајн на шишето со елегантни облини ја евоцира грчката култура и митологија потсетувајќи на керамичка амфора, додека бојата е интензивна како Средоземното Море, длабоко сина, силна и мистериозна. Златните детали и медузата како симбол се мост помеѓу минатото и сегашноста, ја разубавуваат скапоцената содржина.
Новата рекламна кампања е снимена од Bruce Web со манекенката Faretta како главен актер на постерите и видео спотот.
Versace Pour Femme Дилан Blue е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.