Трендовите од минатото се враќаат еден по друг, меѓу нив е некогаш омилениот, а потоа и омразениот француски маникир. Но, во исто време многу e популарна малку понежната верзија на овој тренд, наречена американски маникир.
За што станува збор и која е разликата помеѓу овие два стила?
Класичниот француски маникир вклучува бледо розови нокти со изразени бели врвови. Со текот на времето, розовата боја бледееше, а проѕирниот лак со бели врвови се нарекуваше француски маникир. Она што е различно кај американскиот маникир се нијансите – тие се целосно поприродни и суптилни. Значи, сеуште се работи за изглед со долги врвови на нокти, но нијансите главно се нуд, многу нежни, а врвовите се долги до посветла боја, но не толку интензивна како белата во францускиот маникир.
Еве како да постигнете маникир во американски стил!
Американски стил на маникир многу лесно можете да направите ако прво ги обоите врвовите со бел лак за нокти, а потоа со нуд нијанса ќе поминете низ целиот нокт, вклучувајќи ги и врвовите.
За кого е добар изборот на овој маникир?
Овој тренд особено е прикладен и популарен меѓу оние кои сакаат природен изглед и малку пократки нокти, вистински избор за сите жени со класичен стил кои не сакаат многу да експериментираат. Со оглед дека станува збор за нежен и природен изглед, овој маникир е добар избор за идните невести.
Познатите го обожаваат американскиот маникир!
Примери можевме да видиме насекаде оваа сезона, од Jennifer Lopez на модната ревија на Dolce&Gabbana во Венеција до Lily Aldridge на Мет Гала.
Еден од најголемите трендови оваа сезона со кој не можете да згрешите!
Со американски маникир се нарекуваат и сите стилови кои имаат различни врвови од основата на ноктот, а не се класичен француски маникир. На пример, неутрална основа со врвови во боја на праска, зелена или црвена, златна нијанса… Тоа се видови на американски маникир во различни изданија. Како и да е, ова е еден од најголемите трендови оваа сезона со кој не можете да згрешите, без разлика на приликата и стилот.