- Реклама -

Брендот Guerlain ја збогати мирисната линија Mon Guerlain со ново издание Mon Guerlain Eau de Parfum Intense. Сега мирисната линија покрај оригиналното издание Eau de Parfum од 2017 година, Mon Guerlain Florale и Mon Guerlain Eau de Toilette од 2018 година и изданието Mon Guerlain Bloom of Rose од 2019 година, ќе биде побогата за едно ново Intense доживување.

За жени со повеќе лица, силни, слободни и сензуални!

Колекцијата на парфеми Mon Guerlain се одликува со комбинација на мирисни ноти од лаванда и ванила и актерката Angelina Jolie – како заштитно лице на парфемската колекција. Парфемите ги создадоа Thierry Wasser и Delphine Jelk за жени со повеќе лица, силни, слободни и сензуални.

- Реклама -

Парфем со интензивен карактер!

Новата верзија Eau de Parfum Intense го потенцира земјениот аспект на Mon Guerlain композицијата преку нотите на пачули, кои заедно со ванилата и сандаловото дрво го создаваат интензивниот карактер на овој парфем. Користени се два вида на ванила – ванила од Мадагаскар и ванила од Тахити.

- Реклама -