- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја промена на фризурата подразбира минимална корекција на начинот на шминкање. Меѓутоа, кога ќе се одлучите за фризура со шишки, интервенцијата во рутината за шминкање мора да биде подрастична.

Оваа фризура со „став“ целосно го менува изгледот, формира „рамка“ на лицето, така што во зависност од техниката и стилот на шминкање што го применувате, вашиот изглед може да биде драматичен или романтичен. Шминката има за цел да ги надополни шишките, а не да се натпреварува со нив. Ако го прекршите ова златно правило, ќе почувствувате што значи „двојна драма“, а сигурно тоа не го сакате!

Очите во центарот на вниманието!

Шишките фрлаат сенка врз очите, како и на целото лице, поради тоа многу е важно да ги истакнете очните капаци. Неутрална палета на сенки за очи е идеална за ден, бидејќи обезбедува најприроден изглед, додека кафеави и златни тонови ја потенцираат убавината на очите. За вечерни прилики, секогаш можете да изберете металик сенки, бидејќи со нив лесно се постигнува ефект на длабочина, но и атрактивност.

Црн туш за очи и темен smokey eyes е пример за „двојна драма“. За да избегнете да изгледате премногу грубо, користите посветли нијанси на сива или темно сина, а особено виолетова. Таа ќе донесе идеална доза на драматичност на вашиот поглед, а ако барате понежни и романтични тонови, користете розова, праска или корална сенка.

- Реклама -

Smokey eyes – секогаш добра идеја!

А сега една добра вест – со шишки секој ден може да носите smokey eyes, затоа што тоа е совршен мејкап за оваа фризура! Не е претерано драматичен и совршено го привлекува вниманието, особено кога наместо традиционалните темни, за да создадете smokey eyes користете кафеави сенки. За да додадете одредена длабочина на очите, нанесете сенка и на долните очни капаци, а може да ја користете наместо туш за очи, особено ако сакате да изгледате поприродно. Во тој случај, ќе ви треба коса четка и малку црна сенка.

Во маскарата е клучот!

Финалниот и клучен чекор во шминкање на очите е маскара со јака пигментација, онаа што максимално ги издолжува трепките и дава умерена драма без претерување, но со многу сексипил! Ова е победничка комбинација и последен допир, барем кога станува збор за очите.

Нанесете помалку пудра!

Ако имате шишки слободно нанесете помалку пудра на лицето, особено на челото. Во зависност од должината и густината на косата, нанесувањето на пудра на челото може да го прескокнете, бидејќи шишките сигурно ќе го покријат челото. Не само што вашата коса нема да се залепи со пудрата, туку ќе спречите појавување на сјај. Од друга страна, ако шишките не го покриваат целосно челото, ограничете ја употребата на пудра само на овој дел од лицето и користите лесни формули на база на вода за да спречите затнување на порите.

Внимателно со контурирањето!

Ако шишките се ваш заштитен знак, бидете внимателни кога ја применувате оваа техника. Шишките кријат добар дел од лицето и затоа фрлаат сенка на очите, но и на дел од носот. Хајлајтерирањето и контурирањето на вашите јаболчници е совршен начин да ја комплетирате вашата шминка и да ја комбинирате со новата фризура. Тие помагаат да се обликува лицето, но во случај да претерате со количината на производите за контурирање, кожата ќе изгледа уморна, темна и без навестување за свежина внатре.

Чувајте го природниот изглед!

Шишките, како по правило, дополнително ги истакнуваат цртите на лицето и затоа треба да избегнувате силна и премногу темна шминка. Држете се до минимализмот и заобиколувајте ги сите трендови што изгледаат премногу нагласено. Направете шишките да бидат најдраматичен момент на лицето, а не шминката!

Нуд или црвени усни!

Кога целото внимание е насочено кон очите, важно е усните да бидат нуд или црвени. Челото (целосно или делумно) останува скриено под шишките што го прави лицето да изгледа визуелно пократко. Поради оваа причина, експертите предлагаат нуд или црвен кармин – првиот е идеален за минималистички изглед, а црвениот секси кармин за привлекување на внимание. Со кармини во темни бои ризикувате да го направите вашето лице уште пократко и затоа заобиколете ги во широк лак.